Еден од најголемите здравствени проблеми на мажите се тегобите со простатаата. Тие може да имаат различен облик и јачина. Речиси секој втор маж постар од 45 години има проблеми со простатата, а голема е веројатноста дека речиси сите мажи до длабока старост го доживуваат овој проблем.
Како мажите стареат често доаѓа до различни проблеми меѓу кои и зголемување на овој мускул, акутно и хронично воспаление и се почесто рак на простата. Ракот на простата кај мажите е најчест вид на рак, покрај онај на белите дробови. Тоа што кај жените е проблем со градите и репродуктивните органи, така ова е проблем кај мажите. Поради тоа што честопати медицинските терапии се неефикасни, старите го препорачуваат „оружјето“ од природата латински наречено (Epilobium parviflorum) врбовче или свиловина.
Оваа билка е позната неколку стотини години, но под влијание на медицината, нејзината моќ се заборавила. Таа успева и во нашите краеви и може да се најде на пазарите. Оваа билка ја актуелизира најпознатата народна треварка од Австрија, Марија Требен, чии книги се продадени во над 10 милиони копии. Таа со оваа билка излекувала илјадници мажи со проблеми со потенција.
Рецепт:
Пронајдете ја билката која може да се најде и како розеникава врбовица, ситноцветна врбовица, планинска врбовица, темнозелена врбовица, аплска и барска врбовица.
Полна лажичка со исушената или свежа билка попарете ја со 200 милилитри врела вода.
Оставете ја да одстои 5-10 минути. Извадете го растението, а чајот испијте го . чајот се пие два пати на ден и тоа наутро и навечер пред спиење. Чајот пијте го најмалку неколку недели, а првите резултати ќе ги видите за многу кратко време. Чајот се користи кај сите проблеми со простатата и дава одлични резултати.
Оваа билка, како многу ефикасен лек за проблеми со простата се споменува на сите континенти, култури и јазици. Чајот има пријатен вкус и не мора да се грижите за било какви нус појави.