Home / природен лек / Лековити билки при неплодност

Лековити билки при неплодност

Еве неколку билки кои се препорачуваат кај лица кои се соочуваат со неплодност:

trudnicaМацина трева – очајница  (lat. Marubii herba)

Содржи горчливи супстанции и танини. Поттикнува излачување на плунка, жолчни сокови и сокови на дигестивниот тракт. Очајницата помага при недостаток на апетит и воспаление на гастро-интестиналната  слузница. Ја подобрува работата на јајниците. Исто така се користи и при бронхит затоа што делува како експекторанс. Го регулира менструалниот циклус.

Вркута – бисерок, моминска наметка (lat. Alchemillae herba)

Содржи катехински танини, флавоноиди, сапонини и горчливи супстанции. Делува како адстрингенс (врзувачки елемент, зацврстувач) и ги опушта грчевите (спазмолитик). Помага при воспаление на желудочната и цревната слузница, а посебно помага при дијареа. Се препорачува кај жени со болни менструации и со силни крварења. При лечење на неплодност кај жената, често се пие како чај, кој помага во задебелување на слузницата на материцата. Се користи и за гаргарање при воспаление на усната шуплина и фаринксот. Се употребува и како бања при појава на егземи на кожата и воспаленија на вагината.

Инула – корен од бел оман (Inulae radix)

Главни состојки на инулата се сесквитерпенски лактони, етерични масла, тритерпени и инулин. Позитивно влијае на слузницата на дишните патишта и  ја ублажува кашлицата. Во “народната медицина” се користи кај желудочни потешкотии, болести на цревата, црниот дроб и жолчката. Со разни билни мешавини, инулата се користи за зголемување на плодноста и спречување на спонтан абортус.

Зелен чај – неферментирани листови (lat. Camelliae sinensis folium)

Содржи флавоноиди, полифеноли (катехини), кофеин, испарливи масла, витамини, минерали и танини. Има антиоксидантско дејство, освежува. Го јакне имунолошкиот систем, ја подобрува концентрацијата, поседува антивирусно дејство. Ги намалува крвниот притисок и холестеролот во крвта, помага при главоболка. Го намалува ризикот од појава на кариес, дури му се припишува и антитуморско дејство. Новите истражувања покажаа дека зелениот чај влијае на плодноста. Жените кои редовно консумираат само една лажичка зелен чај дневно значително ја зголемуваат можноста да забременат.

Жен – шен (lat. Panax ginseng)

Жен – шенот веќе 5000 години се користи на Далечниот исток како билка која ги лечи сите болести.

Неговата најважна активна супстанца се сапонините гинсенозиди кои по хемискиот состав се многу слични со човечките хормони.  Жен – шенот го поттикнува настанувањето и забрзувањето на сперматозоидите, а треба да се консумира најмалку два месеци, два пати на ден по 100-150 мг.

Витекс (lat. Vitex agnus – cactus)

Витексот е до 2 м висока крајбрежна грмушка со долги и темно зелени листови и мали пурпурни цветчиња собрани во прекрасен цвет. Оваа билка цвета во лето, а во при подготовка на лековити се користат цветовите и плодовите кои мирисаат на бибер. Со оглед на тоа што ги урамнотежува хормоните, естроген и прогестерон, витексот дејствува на женскиот репродуктивен систем и на неплодноста. Едно американско истражување покажало дека околу 30% од жените кои пиеле капсули или тинктура од витекс, забремениле за неколку месеци.

Жалфија – лист (lat. Salviae folium)

Содржи етерични масла, танини, горчливи супстанци, тритерпени (урсолична и рузмаринска киселина) и флавоноиди. Делува спазмолитично, антибактериски, противвоспалително, фунгицидно, антивирусно, ја поттикнува желудочната секреција и го намалува потењето. Се применува при грчеви во дигестивниот систем, тегоби во менопауза и аменореја и кај зголемено потење. Се препорачува за гаргарање при воспаление на лигавицата на устата и фаринксот (афти). Заради нејзиното антиинфективно дејство, се користи и како бања при кожни болести. Не се препорачува пиење на поголеми количини на чај од жалфија во бременоста и за време на доењето, а употребата на чисто етерично масло и тинктура е забранета.

На жалфијата отсекогаш и се припишуваат лековити својства, а освен што помага при болести на материцата, жалфијата им се препорачува на двојките како помош при неплодност.

Црн ким (lat. Nigella sativa)

Црниот ким од дамнини на далечниот исток се ословува како добар афродизијак. Со широкиот спектар на лековито дејство кимот помага и кај неразвиена или спуштена материца, болни менструации и неплодност.

Здравец, Пелагониум (lat. Geranium Robertianum)

Здравецот е до 50 cm висока зелјеста билка чии листови непријатно мирисаат кога ќе се протријат меѓу прстите. Цвета од април до септември, има црвено-виолетови цветови со светли линии низ нив. Најчесто расте на карпести предели, во жива ограда или по должината на рабовите на шумите. Зелјастиот надземен дел се собира во време на цут и се користи за лечење на разни видови крварења и воспаленија, а помага и при неплодност.

Цвекло (lat. Beta vulgaris)

Цвеклото е зеленчук со црвена боја кој се користи во исхраната. Неговото богатство со минерали, јагленохидрати, масти и белковини го прави здрава и многу честа состојка во исхраната. Исто така е богато со витамин Б12, а во себе има и мали количини на кобалт. Позитивно делува на слабокрвни лица и деца.

Медицинско дејство: Цвеклото е многу богата билка. Затоа одамна се користи како лековита билка во домаќинството. Но се користи и во современата медицина. Цвеклото помага во борбата со туморот и при лечење на леукемија. Освен тоа се користи и за регулирање на крвниот притисок, особено кога е низок. Поволно дејствува на нервите и работата на мозокот. Цвеклото се користи при лечење на анемија, посебно кај деца и млади лица, а ја подобрува и работата на желудникот, цревата и жолчката. Заради големиот процент на фолна киселина, цвеклото се препорачува кај лица кои имаат проблеми со неплодност.

Овчарска торбичка (lat.Bursae pastoris herba)

Содржи биогени амини, флавонски гликозиди и танини и има антихеморагично (против крварење) дејство. Со своите состојки ги зајакнува ѕидовите на крвните садови и дејствува противвоспалително. Традиционално се користи за запирање на крварења, без оглед на нивната причина. Се применува при крварења на дигестивниот тракт (гастритис, воспалителни болести на цревата), крварења на мокрачните патишта, на материцата (зголемено менструално крварење) кај крвави хемороиди, крварења од нос и мали површински ранички. Не смее да се применува во тек на бременоста, нити кај лица кои се на антикоагулантска терапија.

Извор: www.beta.hr

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top