Home / Болести и лечење / Онкологија конечно ќе воведува здрава храна за болните – без месо, повеќе овошје

Онкологија конечно ќе воведува здрава храна за болните – без месо, повеќе овошје

каде ја губиме битката со ракот и дали поради подобрата дијагностика се зголемува и бројот на нови случаи и на кои фактори треба особено да им се обрне внимание, онколозите велат дека во споредба со целиот регион, ние сме на средина и според бројот на новозаболените од рак и според смртноста. Полска е, на пример, на прво место во Европа, според инциденцата и смртноста, а тие имаат и многу рудници, кои се извори на зрачење.

dru-bolnice-hrana-300x293-За среќа, Македонија не е во врвот на оваа неславна листа, но за да се појасни зошто е така, неопходна е сериозна студија, за да се види дали добро се „држиме“ во однос на малигните заболувања. А според тоа кои се главните причини за појава на ова заболување, на прво место, тоа убедливо е клеточниот оксидативен стрес, а дали тој ќе биде предизвикан од јонизирачко зрачење, од пушење цигари или од алкохолни пијалаци или поголем калориски внес или од загадениот воздух или загадената околината, е неизвесно. Сите овие, заедно со недоволната физичка активност и други ризик-фактори, може да бидат причина за појава на ракот – вели д-р Милан Ристевски, директор на Kлиниката.

Д-р Ристевски најавува дека за да ја засилат битката со ракот, прво што ќе сменат е болничкото мени за пациентите што се лекуваат во оваа клиника.

– Прво ќе почнеме од менито, кое ќе мора да обезбеди избалансирана исхрана, зашто сега има непотребно високо ниво на јаглехидрати, кои нема потреба толку да се внесуваат. Ќе го засилиме внесот на свежо овошје и зеленчук, а полека но комплетно ќе го исфрлуваме месото од исхраната на болните, а ќе ставаме печурки, риба. Неопходна е и добра национална кампања за одвикнување на населението од цигари, зашто сме пушачка нација, што е меѓу првите ризик-фактори за појава на рак, не само на белите дробови, туку и на хранопроводникот, мочниот меур, дојката – предупредува д-р Ристевски.

Дневник

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top