Home / нови лекови / 15-годишно момче ја менува медицината (Видео)

15-годишно момче ја менува медицината (Видео)

Кога Џек Андрака им пришол на научниците за помош, тие му рекле дека неговиот план никогаш нема да успее. Овој средношколец развил нов тест за откривање на рак на панкреасот во раната фаза. Во декември, Џек ја освоил престижната награда „Гордон И. Мур“, како и највисоки почести на годишната манифестација за наука и инжинерство.

andrakaЏек создал едноставен сензор за тестирање на нивото на мезотелин, што е биолошки показател за рак на панкреасот во почетна фаза, а се наоѓа во крвта и урината. Методот е сличен на тестирањето за дијабетес, користејќи само малку крв. Направата чини само три центи за изработка.

Изумот на Џек ќе ја открива болеста во најраните фази, пред да стане опасен и кога има реални шанси за оздравување. Раното откривање на ракот на панкреасот ќе ги зголеми процентите на преживување за 100%. Оваа болест зема приближно 40 000 животи годишно.

Џек вели дека изумот може да служи и за откривање на други здравствени проблеми, како други видови на рак, туберкулоза, ХИВ, салмонела и други вируси. Сè тоа за само 3 центи и 5 минути за проверка.

djek2Плановите на Џек се големи. Тој има намера да го популаризира производот и неговата продажба да се прошири низ целиот свет, за секој да има пристап до тестот. „Замислете дека сомневате дека имате некоја болест.

Го купувате тестот и наместо да одите на лекар, вие сте лекарот.“ – вели Џек.

Џек бил одбиен од 197 научници, од кои некои му кажале дека теоријата едноставно не може да функционира.

Само една личност се согласила да му помогне, докторот Анирбан Метра, професор по патологија и онкологија на универзитетот Џон Хопкинс. Тој станал ментор на Џек и заедно успеале да ја направат оваа голема револуција


Извор – Факултети.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top