Home / аларм / Можат ли луѓето да ја намирисаат болеста?

Можат ли луѓето да ја намирисаат болеста?

Експерименти на шведски научници од Институтот Каролинск покажуваат дека луѓето можат да го откријат мирисот на токсини присутни во рана фаза на болеста.

Bad smellНовата студија е поттикната од извештаите за специфични мириси кои ги придружуваат одредени болести, на пример мирисот на скапани јаболки или ацетон во здивот на лицата со дијабетес.

За да ја тестираат својата хипотеза, истражувачите ангажирале осум испитаници кои примиле инјекции на солен раствор или инјекции на липополисахарид (ЛПС), токсин кој може да активира реакција на имунолошкиот состав.

Кај испитаниците кои примиле ЛПС е забележано зголемување на телесната температура и зголемување на присутноста на цитокин, молекул клучен за делување на имунолошкиот состав.

Во следната фаза група од 40 лица е замолена да се обиде со сетилото за мирис да ја разликува испотената облека на испитаниците кои примиле инјекција на солен раствор, од испитаниците кои примиле инјекција на ЛПС.

Се покажало дека во голем дел од случаите е можно по мирис да се разликува облеката кај овие групи испитаници, пишува стручното списание „Psychological Science“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top