Секој втор ден морам да месам леб од брашно без глутен, и тоа со сув квасец, зашто ќерка ми има целијакија и е алергична на глутен. Во училиште нема од каде да купи ништо за јадење – ниту обична кифла, а на родендени кај другите деца пие само сокче. Во ресторан за неа порачуваме само помфрит, зашто и во зачините има глутен … – раскажува мајка на 10-годишно девојче од Kуманово
Строга безглутенска диета за цел живот
Годишно се дијагностицираат два-три нови случаи со целијакиа на Одделот за гастроентерохепатологија при Kлиниката за детски болести во Скопје.
– Детето е потхрането има хроничен пролив, голем дистендиран стомак, раздраздливо е, нема апетит, а растот е намален. Kлинички дијагностицираните пациенти имаат хронични проливи, хроничен запек, болка во стомакот, губиток во телесна тежина, намален апетит, слабокрвност, повраќање, раздраздливост, потхранетост, и друго. А кога потполно е развиена болеста, столиците кај децата се зачестени, пенливи, смрдливи, масни, обилни, густи, па дури и тврди. Родителите да не чекаат и веднаш да го донесат детето на лекар, за навреме да почне лекувањето и да не се јават компликации – вели д-р Соња Бојаџиева, педијатар- гастроенетерохепатолог и раководител на одделот за малапсорпции на Kлиникат
Најтешка акутна и животнозагрозувачка компликација кај нелекувани пациенти е целијачната криза, кога нагло се влошува состојбата, детето повраќа, има и пролив, зголемување на стомакот, дехидратација, колапс и шокова состојба.
Се јавува и ацидоза, а може да се забави дури и растот на детето, кое може и доцна да влезе во пубертет. Се јавува и оштетување на црниот дроб, невролошки промени, интолеранција на лактоза, мускулна слабост и други компликации – нагласува д-р Бојаџиева.
Секој втор ден морам да месам леб од брашно без глутен, и тоа со сув квасец, зашто ќерка ми има целијакија и е алергична на глутен. Во училиште нема од каде да купи ништо за јадење – ниту обична кифла, а на родендени кај другите деца пие само сокче. Во ресторан за неа порачуваме само помфрит, зашто и во зачините има глутен … – раскажува мајка на 10-годишно девојче од Kуманово, кое е едно од 150-те деца во земјава што ја имаат оваа хронична болест на тенкото црево. Тие имаат трајна неподносливост на глутен.
Болеста вообичаено почнува уште кога се бебиња и во втората година, односно кога на детето почнуваат да му се даваат повеќе житарки, но кај ова дете изостанале класичните симптоми.
Мајката е благодарна што државата им враќа дел од парите за брашното, но нагласува дека не е воопшто лесно да се расте дете што има напредна форма на целијакија и бара да има повеќе прехранбени производи за нив во трговијата.
– Поквалитетното брашно чини 250 денари килограм, а референтната цена што ја признава Фондот е нешто пониска, макарони и шпагети без глутен се по 160 и 180 денари, но тие не следуваат. Детето не смее ниту зачини да јаде зашто имаат глутен, па настојувам да консумира многу овошје и зеленчук. Ние сме во ситуација да ~ овозможиме поразновидна исхрана, за која требаат најмалку 6.000 до 10.000 денари месечно, но гледам дека тоа не е случај со повеќето други пациенти – вели мајката.
Целата сторија на – Дневник