мускатното оревче е зимзелено дрво од фамилијата Myristicaceae и е еден од најстарите зачини кои се користат во исхраната. Се употребува и семето, односно плодот во форма на орев и цветот од дрвото, кој има послатка арома.расте во висина и до 20 метри и може да доживее и преку 100 години. Постојат машки и женски стебла, а женските даваат плод по 8-та година. Листовите се долги до 10 см и имаат бели цветови. Плодовите се меснати со жолто-црвена боја. Во нив се наоѓа и семката со интензивен мирис и сладок вкус, што нам ни е позната како мускатно оревче.
Потекло: се претпоставува дека води потекло од индонезиските острови, од каде се раширил и во другите тропски краишта. Особено е популарен во Гранада и други острови од овој појас кои даваат преку 30% од светскот опроизводство.
Го олеснува варењето, ја неутрализира киселината, ги неутрализира гасовите, помага во лечењето на хроничен колитис, дијареја и гастроентеритис.
Примена во исхраната: мускатното оревче се употребува во речиси сите кујни, како за зачинување на слатки така и за солени јадења. Супи, сосови, месо, компири, торти и колачи, не можат да се замислат без овој зачин. Пудингот и многу врсти сирење одлично се комбинираат со морското оревче. Покрај тоа, од него се добива и масло и путер.
Друга примена: една негова состојка покажува одлично антибактериско дејство. Освен тоа, го подобрува варењето и апетитот. Добро делува и при повраќање. Ја содржи состојката миристицин, која може да предизвика халуцинации, но сепак употребата на овој зачин нема такво дејство.
ТОНИК ЗА МОЗОКОТ
Мускатното оревче делува стимулирачки врз мозокот и може да помогне во елиминацијата на стресот и малаксаноста. Полезно е и за концентрацијата, па може да ви се најде пред училиште или работа.
ОСЛОБОДУВА ОД БОЛКА
Токму заради овој ефект зазема цетрално месо во Кинеската медицина. Ова најефикасно се постигнува со масло од мускатно оревче, кое е ефективен седатив. Помага кај болки во зглобовите, мускулите, воспаление на зглобовите.
ПРОТИВ МРЗЛИВИТЕ ЦРЕВА
Било каков проблем во дигестивниот систем како подуеност, гасови, дијареа, може да се реши со овој зачин. Мускатното оревче помага за подобро варење, ослободување од гасови, а може да ви помогне и со апетитот, ако го немате.
ВИСТИНСКИ АФРОДИЗИЈАК
Според индиските научници, мускатното оревче е вистински афродизијак. Едноставно кажано, ги стимулира нервните клетки и ја подобрува циркулацијата на крвта, што поттикнува сексуална желба. Додатете малку во кафето и ете двојна доза за подобар секс.
ПРОТИВ НЕПРИЈАТЕН ЗДИВ
Најчесто лошиот здив настанува како последица на прекумерено размножување на бактерии и остатоци од храна во усната празнина. Колку и да обратите внимание на чистата облека, средените нокти, убавата фризура, сепак на крај лошиот здив може да ја уништи целата слика. Морското оревче делува успешно против бактериите и помага да се справите со халитозата.
ЛЕКУВА ЛУЗНИ
Во овој сектор мускатното оревче добива најмногу признанија. Особено ефективно против комедоните и лузните, може да ви помогне да добиете блескава кожа преку една едноставна домашна маска за лице. Една лажица мед измешајте со изрендано мускатно и оревче оставете на чиста кожа да отстои околу 15 минути. Лузните ќе бидат поалку видливи, а комедоните ќе исчезнат.
Маска со цимет и мед
Измешајте 5 лажици мед со 2 лажици цимет, додадете и една лажица мускатно оревче и сок од еден лимон. Медот и мускатното оревче делуваат како природни антибиотици кои се борат против воспалителните процеси, циметот е одличен за пилинг на кожата, а лимонот е силен антиоксиданс. Маската може да ја држите на лицето околу половина час и подолго, бидејќи сите состојки се природни. Повторувајте ја постапката еднаш неделно и за брзо време ќе ги видите резултатите.
ЗА ИНСОМНИЈА
Овој зачин може да ви помогне да заспиете како бебиња. Само направете комбинација со млако млеко и малку мускатно оревче и сонот набрзо ќе ве собори во кревет.
ЗИМСКИ НАПИТОК ЗА ЗДРАВЈЕ
1 л цеден сок од јаболки
50 мл. рум
4 лажици кафен шеќер
1 лажичка цимет
Рендано мускатно оревче
На оган ставете го сокот од јаболка во сад (наместо цедениот сок можете да го користите и сокот од компотот од јаболка). Штом почне да врие малку, додадете ги румот и шеќерот, а потоа и циметот и мускатното оревче.
Варете уште малку, но не дозволувајте да преврие. Пијте го топол, веднаш штом го тргнете од оган.