Home / природен лек / Кофеин – за подобра меморија и функционирање на мозокот

Кофеин – за подобра меморија и функционирање на мозокот

 Кофеинот значително ја подобрува меморијата кај луѓето, правејќи ги помалку расеани и ја подобрува консолидацијата на долгорочната меморија во текот на денот по испивањето на една или неколку шолји кафе, сметаат невролозите во статијата објавена во научниот магазин Nature Neuroscience.

kafe„Отсекогаш знаеме дека кофеинот ја подобрува функцијата на мозокот, меѓутоа никогаш никој не се обидел да дознае како тој дејствува врз нашата меморија и умствените способности, и влијае ли на способноста за паметење на информацијата. Првпат бевме во можност да утврдиме како кофеинот ја намалува нашата заборавност во текот на 24 часа”, вели во најавата на статијата Мајкл Јаса од американскиот универзитет „Џон Хопкинс” во Балтимор.

Јаса и неговиот тим колеги го откриле позитивниот ефект на кофеинот врз човековата меморија тестирајќи волонтери кои решавале задачи за меморија. Експериментот бил спроведен во две фази, во првата учесниците гледале избор фотографии за неколку минути, а потоа по пет минути на половината од нив научниците им поделиле по 200 милиграми кофеин во две таблети, а на другата половина им биле дадени идентични плацебо таблети без кофеин. Студијата била „двојно слепа”, односно ниту истражувачите знаеле кој добил апчиња со кофеин а кој плацебо.

Следниот ден научниците на испитаниците им покажале нов избор од фотографии и побарале од нив да ги издвојат оние коишто ги виделе претходниот ден, како и да ги издвојат оние на кои имало слични но не и идентични со претходно видените предмети, на пример кафе со различна боја или столица фотографирана од поинаков агол. Таквиот пристап, според авторите на студијата, би требало да биде доволно силен за да се „вчита” во мозокот на волонтерите и да им помогне на научниците да ги издвојат сите спорадични ефекти и статистичката „грешка”.

kreativno_kafe_solja1-300x240Додека двете групи имале иста стапка на успех кога станува збор за идентификувањето на фотографиите кои се исти и оние кои се различни, се покажало дека испитаниците коишто земале таблети со вистински кофеин, за околу 30 отсто со поголема веројатноста точно се потсетиле на вистинските фотографии и ги нашле разликите во двата избора од фотографии кои малку се разликувале.

„Тоа е многу повеќе од детална меморија. Доколку сите се сеќаваа тоа ќе беше на пример шолја кафе, и тие би рекле дека сликата е иста. Но тие се сеќаваа на точната шолја кафе што ја видоа”, истакнува Јаса.

Научниците ова го нарекуваат тип на меморија, кога можеме да утврдиме дека нешто е слично, но не сосема идентично како нешто што сме го виделе или сториле претходно – „модел на сепаратна (раздвојувачка) меморија”. Тоа е тип на меморија којашто се користи на крајот од работниот ден кога се присетуваме каде сме го паркирале автомобилот тоа утро, наместо вечера или претходното утро.

За да видат дали повеќе кофеин ќе доведе и до подобрување на меморијата, научниците направиле уште едно истражување со 300 милиграми кофеин. Резултатите биле речиси идентични како и тестот со 200 милиграми кофеин, но некои од испитаниците пријавиле несакани ефекти до зголемената доза кофеин, вклучително гадење и вознемиреност.

Овој факт, како што сметаат невролозите, укажува на тоа дека кофеинот ја подобрува меморијата и нѐ прави помалку расеани.

20130206-pronajden-centarot-za-zlo-vo-mozokot-promenata-na-frontalniot-mozok-se-naogja-kaj-site-psihopati-1-300x195Јаса, сепак, вели дека не постои ефикасност во земањето кофеин пет минути откако сме виделе нешто што треба да се запамети. „Пред или помеѓу, или по или за време, тоа е сеедно. Единственото што би го кажал е да не се зема кофеин за будност. Спиењето сепак е добро за меморијата, но доколку ви се случува да се напиете кафе за да останете будни, нема да ви помогне”, истакнува научникот.

„Нашиот следен чекор ќе биде да се обидеме да објасниме како кофеинот ја подобрува работата на мозокот со помош на магнетно резонансна томографија и други техники за следење на работата на мозокот. Покрај тоа, знаме дека кофеинот често е доведуван во поврзаност со долговечноста и високата отпорност на Алцхајмеровата болест. Овие прашања, исто така, вреди да се истражуваат”, заклучува Јаса.

Исто така, неговиот тим сака да открие зошто кофеинот помага во типот на сепаратната меморија. Едно од потенцијалните објаснувања е дека кофеинот го зголемува нивото на возбуда, што може да биде поврзано со подобрувањето на паметењето

„Научниците открија дека животните кога се шокирани или исплашени или, пак, стимулирани на друг начин имаат подобра меморија”, вели Јаса за The Los Angeles Times. „Знаеме дека кофеинот го забрзува срцето и има повеќе други видови возбуда. Можеби овие умерени дози кофеин може да ја подобрат нашата меморија без ваквите несакани ефекти”

Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top