Home / алтернативна медицина / Ако сакате да сте здрави чистете го јазикот секој ден – упатство

Ако сакате да сте здрави чистете го јазикот секој ден – упатство

На површината на јазикот има еден куп на бактерии, остатоци од храна , габи и мртви клетки. Јазикот треба да се чисти секојдневно за да се избегнат болести, а особено со првите симптоми на настинка или грип. На тој начин ќе се спречи нивното натамошно ширење и ќе се намалат симптомите на настинка или дури и ќе ја спречи.

jezik450x300На влажна  четка за заби , натопете сода бикарбона и додадете малку паста за заби. Ако претходно не сте го правеле ова во почетокот е можно да имате мала иритација поради овој процес.

На почетокот чистете го само предниот дел на јазикот за да не ви биде непријатно , а потоа постепено и во средината и последниот дел (колку потемелно и длабоко толку подобро) .

Здрав јазик има  розова еднаква боја. Препорачливо е површината на јазикот да се чисти секојдневно наутро и навечер. Иако постојат посебни четки за чистење јазик и четката за заби ќе биде доволна.

jazik cistenje2По завршување на постапката исплакнете ја устата со вода неколку пати со жабуркање на водата во уста. И не заборавајте да ја дезинфицирате  четка пота со миење со сода, бидејќи бактериите може да се задржат на четкичката.

По неколку дена јазикот ќе биде чист и вашето чувство за вкус ќе се зголеми , бидејќи рецепторите во моментов се пренатрупани поради нередовно чистење.

На долг рок ќе се намали ризикот од многу болести , ретко ќе имате инфекции на грлото и белите дробови , ќе имате подобро чувство за вкус и здивот ќе биде свеж. Вашите заби и непца ќе бидат поздрави , бидејќи само четкање не е доволно ако поголемиот дел од овие исти бактерии ги има на јазикот.

2 comments

  1. Ve molam koji se procedurite za zaclenuvanje kaj vas.Go obožavam vašiot sajt i bi sakala redovno da gi dobijam vašite informaciji preku email.

    so počit
    Nafija

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top