Home / алтернативна медицина / Погледнете во вашите стапала за да дознаете дали имате некоја болест

Погледнете во вашите стапала за да дознаете дали имате некоја болест

Стапалата можат многу да ви кажат за вашето здравје. Промените на кожата, ноктите или начинот на кој ги чувствувате нозете, може да бидат сериозни знаци за проблеми на здравствената состојба. Доколку се откријат на време, симптомите може да ви го спасат животот.

710624-stopala„Стапалата се први на удар доколку дојде до проблеми во нервниот систем затоа што се најодалечени од срцето и ‘рбетот“, тврди доктор Каролин Мекалун и тоа е една од причините поради кои не смеете да ги игнорирате.

Стапалата и прстите се без влакна

Ова е показател дека станува збор за проблеми со циркулацијата. Наглото губење на влакната на нозете се знак дека во стапалата не доаѓа доволно крв со која влакната би се одржале и би растеле.

Чести грчеви

Дехидратација и недостаток на хранливи материи се причина за честа појава на грчеви. Покрај тоа може да се појават и проблеми со слаба циркулација и нервни проблеми. Ако вежбате , не заборавајте да пиете многу вода , бидејќи дехидрацијата често води до грчеви. Исто така можете да ја зголемите дозата на калиум, магнезиум и калциум.

Рани кои долго време не може да се излекуваат

Најчесто ова е показател за дијабетес или рак на кожата. Раните кои никако да зараснат укажуваат дијабетес. Неконтролираниот шеќер во крвта може да доведе до оштетување на нервите во нозете, што значи дека при најмала посекотина или рана нема да се чувствувате ништо. Ако се појави инфекција, најлошото сценарио е ампутација. Рани кои не се лекува може да биде знак на рак на кожата . Меланом може да се појави било каде на кожата, дури и помеѓу прстите, па поради тоа не заборавајте редовно ја прегледате вашата кожа.

Постојано студени нозе

Најчеста дијагноза е хипотироидизам Најчестите знаци на слаба тироидна жлезда се стапалата кои не може да се стоплат. Доколку сте на возраст од над 40 години, шансите за појава на проблеми со тироидната жлезда се големи. Студените нозе во овој случај се најмалиот проблем – хипертиреозата може да предизвика губење на косата, замор, необјаснето зголемување или намалување на телесната тежина и депресија.

Трпки по нозете

Периферна невропатија или приклештени нерви се причина за трпки по нозете. Вкочанетоста на нозете е позната како периферна невропатија, најчесто предизвикана од дијабетес, хроничен алкохолизам, или како пропратен ефект од хемотерапијата . Покрај тоа, на нозете се вкочанети и како резултат на честа и долготрајна употреба на чевли кои не се удобни.

Деформитети на нозете

Ако мислите дека нозете ви се деформирале само поради високи потпетици, грешите. Деформитетите често се наследни, а стануваат полоши поради несоодветни чевли. Таквите деформации може да бидат болни и грозен, а единствен начин да се ослободите од нив е операција.

Болка во петтата

Секогаш кога при станување од кревет или од столче ќе почувствувате остра болка во петата значи дека имате проблеми со истегнати лигаменти.

Чешање или лупење на кожата

Кожата чеша и се лупи кога станува збор за габични инфекции. Овие инфекции се третираат со креми против габи, а нозете треба да се држат на ладно и суво место што е можно почесто во текот на еден ден. Доколку не станува збор за габична ингекција може да стане збор за егзема или псоријаза.

Жолти нокти

Или пречесто се лакирате или имате габична инфекција. Жолтата боја на ноктите може да се појави и доколку неколку месеци без престан ставате лак. Ако покрај жолтата боја на нокти, тие почнуваат да се кршат и да се тенки како листови, најверојатно имате габична инфекција

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top