Неодамнешните истражувања покажуваат дека многу често природните производи се клучот кој го отклучува фертилитетот.
Поленот од пчелите е еден од природните производи кои можат да ги зголемат шансите за забременување. Докажано е дека помага при импотенција, менструални болки, ниско либидо, сексуална дисфункција предизвикана од абнормалности на простатата, ја стимулира функција на јајницитеи ги ублажува симптомите поврзани со ПМС.
Неодамнешното истражување покажа дека пчелниот полен значително го подобрува производството на сперма кај мажите, а друга студија покажа дека може да влијае благотворно при воспаление и оток на простатата.
Не сите додатоци со пчелини производи се со добар квалитет. Во некои е откриен загаден полен, а во други само траги од него, што го прави адитивот недоволно ефикасен при проблеми со неплодноста. Кога зборуваме за употреба на полен при инфертилитет, количеството често е најважниот аспект .
Најквалитетни и со најголемо количество на животозначниот додаток се производите со потекло од Нов Зеланд – држава која е позната како едно од најчистите места на Земјата.
Ако се снабдите со пчелен полен од пчелари, можете да го конзервирате, како и да го замрзнете или исушите – така супстанцата ќе ги задржи важните витамини, хранливи материи и минерали.
Пчелниот полен собран од пчели, а не добиен директно од цветни растенија, содржи многу минерали; 20 % протеини; вкупно содржина на природните шеќери до 40%, природни шеќери 10-15%, редукциски шеќери до 7% и јаглехидрати како декстрини, скроб, целулоза, лактоза; витамини – скоро сите од групата Б, Ц, Е , а, фолна киселина, биотин, токоферол; ферменти; антибиотски материи; биолошки активни супстанции; липиди; ароматични и пигментни материи; ензими; важни и незаменливи аминокиселини помеѓу 10 и 13%; етерски екстракти; смоли, јаглеводороди( 0,57 % ), стероли (0,6 ), полипептид, итн.
Матичниот млеч е исклучително богат со хранливи материи и може да ја подобри плодноста кај мажите и жените, бидејќи помага за подобрување на квалитетот на спермата и јајце клетките .
Тој е соодветен за користење кај жените кои страдаат од предменструален синдром, кои имаат ниско ниво на естроген и нередовен менструален циклус.
Неодамнешна студија ги испитуваше ефектите на матичниот млеч кај машки зајаци, кои страдаат од неплодност. При примена на матичен млеч истражувачите откриле зголемување на фруктоза во семената плазма, значително зголемување на нивото на тестостерон, на обемот на семената течност, зголемување на вкупната продукција на сперма и подобрување на подвижноста, како и намалување на бројот на повредени и мртви сперматозоиди .
Заклучокот од истражувањето потврдува дека матичниот млеч и се спротивстави на неплодноста кај мажјаците зајаци и ја подобри нивното вкупна физиолошка состојба.
Свежиот матичен млеч содржи 20 % белковини, нуклеински киселини ( ДНК и РНК ) ; 10 -хидрокси- 2 – деценова киселина ( HDА ) до 6,5 %; масти до 5% ( полинезаситени , мононезаситени и заситени масни киселини , меѓу кои линоленска и алфа- линоленска; шеќери до 18 %; минерални соли ( аритметичка средина 2,7 %); албумини и глобулин ; витамини – скоро сите од групата Б, вит.С , H, РР, како и растворливи во масти а , D , Е и К , ниацин , пантотенска киселина, биотин, инозитол; макро и микроелементи, лецитин, колаген, гама глобулин и ацетилхолин; моќниот антиоксидант р -хидроксибензоат ( метилпарабен ) ; природни хормони (меѓу кои тестостерон) ; каротиноиди ( флавоноиди и фитостероли ); ензими и биокаталитични состојки кои помагаат клеточната регенерација .
Прополис
Кога родителите им раскажуваат метафорични приказни на децата за пчелите им велат дека пчелите прават мед. Но пчелите ја собираат смолестата супстанција наречена “прополис” од листовите , пупките и кората на дрвјата, за да ги заштитат кошниците од болести и уништување.
Студиите покажуваат дека оваа смолеста супстанција претставува ефикасен лек при неплодност, особено кога инфертилитетот се поврзува со ран стадиум на ендометриоза кај жените. Покрај тоа, тој го блокира дејството на ароматазата – ензим кој игра доминантна улога во метаболизмот на естрогенот .
Интересно е дека пчелниот прополис исто така покажува одличен поволен ефект при дефекти во функцијата на сперматозоидите – една од најчестите причини за машката неплодност .
За екстрактот од прополис е утврдено дека поседува способноста да ја штити мембраната на сперматозоидите од штетното дејство на оксидативниот стрес.
Според физибилити студијата на Fertility and Sterility, жените со ендометриоза и примарен стерилитет имаат поголема шанса да зачнат, ако консумираат пчелен прополис . Тоа е охрабрувачки за милионите претставнички на понежниот пол, кои страдаат од неплодност, поради ендометриоза. Во истражувањето учествувале 40 жени со блага ендометриоза и примарен стерилитет, кои безуспешно се обиделе да забременат за најмалку две години. Тие добивале два пати дневно по 500 мг пчелен прополис и плацебо, во текот на девет месеци. При консумирањето пчелен прополис процентот на забременување бил значително повисок ( 60% ), отколку кај плацебо ( 20% ) . Меѓу жените кои земаат пчелен прополис, не се забележани несакани ефекти .
Пчелиниот прополис содржи смоли, восок, етерични масла, полен, танини глюкозади , флавоноиди, органски киселини, алдехиди, етери, алкохоли, терпен, аминокиселини , јаглеводороди, незаситени масни киселини, витамин Б3, никотинска и пантотенска киселина, микроелементи како железо, цинк, калциум, алуминиум, магнезиум , силициум, калиум и др., терпеноиди, фенолови соединенија итн.
Ringeraja.com