Вода, вода и – вода!
Една од најважните причини поради која ви е тешко во утрото после пиење, е дехидрацијата. Значи на организмот му недостасува вода и треба под итно да се надополни! Колку порано ќе почнете да пиете вода, толку побрзо ќе ви биде подобро. Најдобро решение е, во текот на консумирањето алкохол, да ги пресечете турите со неколку голтки вода.
Сок од домати – да, грејпфрут – не
Додека вие уживате во разни пијалоци, вашиот организам ги троши резервите на витамини, како А, Б ( особено Б-6)и Ц. Недостатокот на витамини е причината поради која се чувствувате како некој да ве исцедил, исцрпено. Овие неопходни состојки надополнете ги со пиење на сок од портокал, домати или енергетски пијалоци за спортисти, кои се богати со хранливи состојки. Но запаметете – не консумирајте сок од грејпфрут! Тој само ќе ја зголеми мачнината, а многу веројатно дека повторно ќе мора да ја гушкате ВЦ-школката.
Свежо овошје наместо мрсна храна
Од мамурлакот може да се чувствувате како црвчиња да ви шетаат низ главата, утробата и телото. Иако повеќето во борбата против мамурлакот потегнуваат по помрска храна, како пржени компирчиња, овошјето е всушност идеална храна, која со брзина на молња во вашиот организам ќе ги внесе неопходно потребните, а изгубени витамини.
Растегнете ги мускулите!
Тука не се мисли на трчање, или вежбање во вежбалница, зашто за тоа веројатно нема да сте способни, но некои лесни, едноставни вежби, може да бидат од голема корист. Движењето ќе му помогне на вашето тело да ги исфрли од себе штетните состојки што сте ги внеле претходната вечер.
Пејте под топол туш
Топлиот туш помага секогаш и секаде, па така и во овој случај. Истуширајте се, задолжително со топла вода, зашто студената вода предизвикува стеснување на крвните садови во кожата и периферните органи, што уште повеќе го оптоварува срцето и го отежнува дишењето. Од друга страна, топлата, не прежешка вода ја подобрува прокрвеноста на кожата и ја подобрува работата на срцето. Освен што ќе се разбистрите и ќе мирисате поубаво, зашто по долго пиење, никој не мириса како свежо набрано цвеќе.
Сексот го лечи и мамурлакот
Дури и ако сте толку прегазени, што во следното утро ви се врти во главата и не можете ни да помислите да се тркалате по чаршафите, обидете се да се натерате. Нема да зажалите, зашто на тој начин ќе ги извадите од телото отровните материи. Освен тоа, добро е познато дека сексот ги поттикнува центрите во мозокот за уживање, што исто така ќе ви помогне при враќањето во нормална состојба