Пораката е јасна: Повеќето додатоци не ги спречуваат хроничните болести, нивната употреба не е оправдана и е сосема јасно дека не треба да бидат употребувани, стои во уводникот објавен во последното американско истражување на сервис за превентивни услуги.
Луѓето треба да престанат да ги трошат своите пари на суплементи во исхраната , тврдат лекари чии изјави се дел од истражувањата. Констатирале дека мултивитамините се неефикасни во борбата против болестите. Но, не само тоа, туку исто така се и штетни . Откриле дека не постојат докази дека земањето на дневен додаток од мултивитамини и други додатоци во исхраната ја спречува прогресијата на хроничните болести како срцеви заболувања или рак, пренесува Business Insider.
Бројни истражувања покажале како мултивитамините се неефикасни, но луѓето продолжат да ги користат, вели д-р Едгар Милер, еден од авторите на истражувањето.
Земањето на витамин А и Б, како и други додатоци во исхраната во форма на антиоксиданси всушност ја зголемува стапката на смртност , порачуваат екарите. Употребата на мултивитамини во САД во последните 10 години е зголемена за 50 проценти.
Zsdravstvo24