Напредокот во хирургијата, медицинскиот третман како и зголемување на превентивните прегледи во дијагнозата на карцином ја намали смртноста на трите најчести видови на рак за 44 отсто од 1990 година.
Овие резултати се дел од истражувањето на британскиот центар за истражување Мекмилан . Според него, до крајот на оваа деценија, 64 отсто од жените ќе преживеат рак на дојк , истиот процент на мажи ракот на простата и 61 отсто од луѓето дијагностицирани со рак на дебелото црево.
Сепак, научниците се загрижени дека стапката на втората најчеста форма на малигнитет во светот – рак на белите дробови , не се намалува . Податоците покажуваат дека само еден од четири пациенти со болеста живеат подолго од пет години.
Активисти за зголемување на свесноста за малигните болести укажуваат на тоа дека општите лекари треба да бидат подобро едуцирани за да можат навреме да ги воочат симптомите на рак кај нивните пациенти.
– Луѓето со три од четирите најчестите видови рак денес живеат подолго, што е знак дека одиме во вистинската насока во третманот на ракот а новите лекови драстично ги зголемуваат шансите за опстанок. Ракот е втора водечка причина за смртност по кардиоваскуларните болести, велат од Центарот Мекмилан .
Zdravstvo24