Home / аларм / Од загноени рани до рак на кожа: Маникирот може засекогаш да ги уништи вашите нокти

Од загноени рани до рак на кожа: Маникирот може засекогаш да ги уништи вашите нокти

Се’ поагресивните стилови на третман кои се применуваат денес во салоните за маникир можат сериозно да ги оштетат ноктите. Можете да станете подложни на инфекции, осип…пренесува Точка

Опасни гелови

vest-nok-steta-06Геловите кои се многу популарни, и кои се применуваат така што се оставаат да зацврстат под УВ лампа, а се отстрануваат со помош на ацетон, исто така можат да претставуваат сериозен ризик по здравјето.

Иако нивниот пазар доживува вистински бум, затоа што траат подолго време, дерматолозите се загрижени затоа што употребата на УВ лампа го зголемува ризикот од рак на кожа. Студија од 2009 година покажала дека кај две средовечни жени кои во семејството немале никој заболен од рак на кожа, се развил тумор на рацете затоа што ноктите ги изложувале на ултра-виолетовото светло.

„Некогаш добивав многу коментари на сметка на моите нокти“ – раскажува Антонија Мариконда од Велика Британија, ТВ новинарка и водителка.

„Често одев на маникир и тоа ми претставуваше мало засолниште и место за опуштање. Воедно, бев и горда на тоа колку убаво ми изгледаа ноктите“.

Меѓутоа, таа сега ја плаќа цената за сите комплименти кои ги добила поради убавите нокти.

Со оглед на тоа дека со години редовно ставала вештачки нокти дошло до трајно оштетување на ткивото на ноктите, кои сега и’ се излупени, истенчени, и’ растат во месото и склони се на кршење

„Немав претстава дека под убавата, елегантна и исполирана површина моите нокти навистина патат“ – вели Антонија.

vest-nok-steta-05Лекарите и’ рекле дека ќе биде потребно да помине година дена за ноктите да и’ се опорават, и дека никогаш нема да имаат цврстина како порано.

Нејзините проблеми започнале кога маникирката ја убедила дека ноктите подолго време би и’ биле убави ако стави акрилни врвови.

„Првиот пат кога ги ставив бев многу задоволна. Изгледаа природно“.

Но, кога Антонија се вратила во салонот да ги замени, започнала сосема друга приказна.

Се покажало дека отстранувањето на ноктите е многу потешко од неговото ставање. Исто така, морале тотално да ги истурпијаат од нејзините природни нокти.

„Ми рекоа дека треба да се пополнат и израмнат на површината на нокотот за да може да се нанесе нов слој. Но, тие го правеа тоа толку агресивно што лежиштето на нокотот почна да крвари“.

„Исто така, забележав дека маникирката не ги фрлаше употребените турпии, што воопшто не ми изгледаше хигиенски“.

Сепак, отишла во истиот салон уште неколку пати, но бидејќи веќе не можела да ја издржи болката поради пополнувањето на ноктите, одлучила да ги остави своите.

Точка.ком.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top