Владимир Петрович Филатов (1875-1956) бил руски офталмолог и хирург кој станал познат на светско ниво поради во тоа време револуционерниот пристап кон очните болести.
Станал познат по тоа што успеал да му го врати видот на Василиј Зајчев, снајперист на Црвената армија.
Филатов го создал овој лек за подобрување на видот, а потребни се само лимон, алое, ореви и мед.
Ќе ви бидат потребни 10 дкг сок од алое, половина килограм кршени ореви, 30 дкг мед и сок од 3 или 4 лимони. Освен што е добар за видот, овој лек ја подобрува општата здравствена состојба на целиот организам.
Најпрво треба да ги исечете поголемите долни и средни листови од алоето, кое пак треба да биде старо 2-3 години. Отстранете ги боцките од листовите, измијте ги добро со преварена вода и ситно исецкајте ги. Сокот се цеди најдобро со помош на соковник.
Академикот препорачува листовите од алое да не се сецкаат веднаш, туку да отстојат во фрижидер 10-12 дена со цел да се формираат биогените стимулатори.
Останатите состојки се мешаат со сокот од алое и се конзумира лекот три пати дневно по една лажица пред јадење.
Popara.mk