Кокосовото масло е вообичаена намирница во народната медицина во Азија, поради неговата хранлива вредност и лековитото делување. Иако кај нас е познато меѓу оние кои ја практикуваат здравата исхрана, сепак ова масло не го добива заслуженото внимание.
Основната состојка на кокосовото масло е лауринската киселина, која има силно антивирусно и антибактериско дејство така што нè штити од многу болести. Единствен друг извор на оваа киселина е мајчиното млеко, така што со ваквата поврзаност станува јасно за каква намирница станува збор.
Друга состојка на ова масло е каприлната киселина која го потикнува развојот на добри бактерии, особено бактериите на млечната киселина. Каприлната киселина позитивно делува на лечењето на кандидата и ги уништува паразитите кои го отежнуваат варењето.
Ова масло помага при намалување на холестеролот и ја подобрува апсорпцијата на витамините и важните минерали како калциум, магнезиум и железо. Редовното користење кокосово масло придонесува за одржување на здрави црева, намалена телесна тежина и нормализиран метаболизам.
Кокосовото масло се користи за помош при лечење на:
-кожни болести и рани
-артритис и реума
-паѓање на косата
-вирусни и бактериски инфекции
-дијабетес
-ослабен имунитет
-хроничен замор
-депресија
-Паркинсова и Алцхајмерова болест
-намалена концентрација
ЛЕКУВАЊЕ ГАБИЧНИ ИНФЕКЦИИ
Натопете го тампонот во кокосово масло и ставете го во вагината. После неколку часа ќе почувствувате намалување на симптомите од вашата габична инфекција.
ПРИРОДЕН ПРЕПРАРАТ ПРОТИВ ИНСЕКТИ
Ако помешате малку кокосово масло со нане или рузмарин ќе забележите драстично намалување на бубачките околу вас.
Овој природен препарат против инсекти не содржи штетни материи како оние кои ќе ги купите во маркетот.
СТИМУЛАЦИЈА НА РАСТОТ НА НОКТИТЕ
Ако сакате долги нокти, но тие постојано се кршат и лупат, решете го проблемот со нанесување на кокосово масло. Мала доза околу кутикулите ќе направи огромна разлика.
Со едноставно масирање со кокосово масло на ризичните места можете превентивно да делувате при појавата на стрии, па дури и малку да ги избледите оние кои веќе ги имате на телото. После неколку седмици ќе забележите резултати.
РАСПУКАНИ ВРВОВИ И СТИМУЛАЦИЈА НА РАСТОТ НА КОСАТА
Ставете малку масло на рацете, истријте за да се стопли и со прстите прочешлајте низ косата.
Концентрирајте се на краевите , но сепак ставете малку и во близина на корените за здрав скалп. На овој начин ќе се стимулира растот на косата, па ќе ги добиете долгите локни кои ги посакувате.
Оставете да постои еден час, а колку подолго, толку подобро, па би можеле дури и да спиете вака. Потоа измијте ја косата со нанесување шампон 2 пати за убаво да се исплакне маслото.
-За габични инфекции на нозете.
–За побрзо заздравување на исекотини и изгореници.
–Јадете по 5 лажици на ден за да ја подобрите функцијата на тироидната жлезда.
–Мачкајте го осипот на вашето бебе од употребата на пелени или на неговото главче за третирање на корките.
–Мајките кои дојат можат да го нанесуваат на брадавиците за да се спречи пукање на кожата и иритација.
–Каснете за да ја намалите или елиминирате мигрената.
–Земете една лажица кога имате киселини во стомакот.
– Со неколку лажици на ден, секој ден, можете да го подобрите целокупниот имунолошки систем.
–Протривајте ја внатрешноста на носот во случај на течење, алергии и отоци.
– Истражувањата покажуваат дека може да помогне при лечење деменција, Алцхајмерова и Паркинсонова болест.
–За плускавци и младежи.
– Користете го за ублажување опекотини, но само откако ќе се изладат, не веднаш кога ќе се изгорите. Во спротивно маслото ќе ја задржи топлината во кожата.
–За намалување на егземи и псоријази.
–Земете една лажичка пред јадење за да го контролирате апетитот.
– Помага во лечење на кандидата.
– Помага за лекување инфекции на бешиката и за ублажување на симптомите.
– Помага при габични инфекции (внатрешни и надворешни).
– Користете го при воспалено грло (ставете малку во устата, оставете да се растопи и полека проголтајте).
-. Капнете неколку капки при првите знаци на инфекција на уво.
– За подобар ефект при лечење хемороиди, искомбинирајте го со капка масло од лаванда.
– За жените кои чекаат бебе, се препорачува премачкување на перинеумот почнувајќи од 7 или 8 месеци.
– Има случаи на лечење јачмен на очниот капак со помош на кокосово масло.
– Помага со вагиналната сувост при менопаузата (препорака од Д-р Оз).
– Со благ допир нанесете на афтите во устата за да ја ублажите болката и да го забрзате заздравувањето.
– Може да се користи за ублажување на конјунктивитис.
– На некои им помогнало во борбата со чирот, спротивставувајќи ѝ се на бактеријата Хеликобактер пилори.