Земете пинцета претходно дезинфицирана со алкохол и многу внимателно пробајте да го извадите крлежот, без притискање, со нежно ротирање во насока на стрелките од часовникот и извлечете.
Доколку останат делови од крлежот во кожата, се зголемува ризикот од инфекција предизвикана од телесните течности на инсектот.
Доколку се појави голем оток со црвенило (отокот може да се зголемува) или доколку забележите симптоми на настинка (треска, главоболка, отечени лимфни жлезди, морници), мора веднаш да побарате помош од лекар.