Home / нови лекови / Нова терапија за алергиите

Нова терапија за алергиите

Новата терапија за лечење на оние кои патат од алергија само што не пристигнала, откако научниците го открија новиот генетски механизам кој ја предизвикува алергиската реакција.

alergija_terapija-079b8fb7Истражувачи од многу меѓународни институти, вклучувајќи и тимови од Велика Британија и Швајцарија, изјавија дека терапијата со која би се спречила блокадата на генот наречен FOXP3 би можела да им помогне на оние кои патат од алергија.

Другиот ген, познат под името GATA-3, го спречува производството на поедини лимфоцити од Т класата кои се дел од човековиот имунолошки систем, а можат да бидат одговорни за развојот на алергиите.

Докторот Карстен Шмит Вебер, главниот истражувач од Националниот кралски институт за срце и бели дробови, рече дека со згаснувањето на активноста на GATA-3 генот би можело да дојде до големи откритија и достигнувања во медицината која се занимава со превенција на алергиите.

„Тоа откритие ќе ни помогне да сфатиме како здравите поединци можат да ја толерираат алергијата и што треба да направиме за повторно да ја воведеме толеранцијата во имунолошкиот систем кај поединците кои патат од алергија“ – изјави д-р. Шмит Вебер.

Тој изрази надеж дека наскоро медицината ќе може да им помогне не само на оние кои патат од една алергија, туку и на оние пациенти кои патат од повеќе различни алергии.

Портал

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top