Било кое заболување на бубрегот па самото тоа и појава на камен во бубрегот не е ни малку безопасна болест па бара внимание при лекување.
Важно е да се знае дека исфрлањето на каменот не треба да се прави на своја рака бидејќи може да заглави во уринарните канали и да предизвика многу сериозни компликации. Затоа сите видови на лечење кои се наоѓаат овде се однесуваат на камен во бубрегот не поголем од бибер зрно и песок кој е претходник на настанувањето на камен.
Лицата кои имаат проблем со камен во бубрегот не треба да ја пропуштат сезоната на лубеници,кои многу ефикасно ги мијат бубрезите и така спречуваат појава на каен. Посебно ќе им користи на оние кои имаат песок во бубрегот.
Општо познато е дека кога е во прашање грижата за бубрезите да се внесува што повеќе течност. Ова се однесува на проблемот со камен во бубрегот. При тоа треба да се внимава водата да нема висока содржина на минерали кои предизвикуваат појава на камен.
Чај за исфрлање на камен во бубрегот
Ситно исечкајте 25 грама корне од целер,магдонос,селен па мешавината потопете ја во литар вода. Поклопете и оставете да стои преку ноќ а утредента сварете нека врие 3 минути. Кога ќе се излади,исцедете и пијте во текот на денот наместо вода. Како што знаете најдобро е да не ставате шеќер. Чајот пијте го три дена а паузирајте еден ден и така по ред.
Чај за кршење на камен во бубрегот
За природно лечење на камен во бубрегот корисен е и чај од дива круша и жалфија. По 4 лажици листови од дива круша и жалфија,значи вкупно 8,прелијте со 3 литри зовриена вода. Кога ќе излади исцедете и пијте во текот на денот без други пијалаци во траење од една недела. За тоа време урината може да ви изгледа потемна и пенлива.