Рутинските тестови како папа-тестот и колонскопија се многу важни за раната превенција од рак, но за да препознаете болест на време треба да обрнете внимание и на симптомите кои можете и сами да ги воочите – сигналите кои телото ги праќа дека нешто не е во ред.
Важно е да не ги занемарувате невообичаените, нови и необјасниви симптоми. Иако тие може да се предизвикани и од помалку опасни болести, доколку потраат, вреди да се провери состојбата кај докторот. Подобро би било да проверите навреме отколку ,,не дај боже,, да ја откриете болеста предоцна.
Сепак не кревајте паника веднаш – овие симптоми се аларманти само доколку траат подолго време од вообичаеното да речеме колку што траат вируси, грип или друг вид на полесни здраствени проблеми.
Потешкотии со дишењето
Еден од првите знаци на ракот на белите дробови, на кој заболените се сеќаваат дека ги имале уште на почетокот, е губењето на здивот (отежнато дишење). „Не можев да се прошетам низ дворот без да се задишам. Мислев дека имам астма, но зошто ја немав порано?,” се присетува една пациентка.
Рак на штитната жлезда исто така може да предизвика проблеми со дишењето, доколку чворот или туморот го притискаат душникот. Било какви проблеми со дишењето кои траат подолго време, се причина за посетување на доктор.
Проблеми со голтање и засипнатост
Проблемите со голтањето се поврзуваат со појавата на ракот на гркланот, а тоа некогаш е знак и за рак на белите дробови. Засипнатост, потивкиот глас или чувството дека нешто ви го притиска гркланот може да биде ран знак за ракот на штитната жлезда. На истото може да укажува и чувството дека нешто застанало во дишникот.
Гастритис
Можеби звучи чудно, но болката во стомакот на некои луѓе им го спасила животот бидејќи докторите на време ги пратиле на ултразвук и откриле дека имаат тумор на црниот дроб. Грчевите во желудникот или често проблемите со желудникот можат да укажуваат и на рак на цревата. Многу заболени од рак на цревата изјавиле дека нивните доктори мислеле дека боледуваат од чир.
Не се грижете бидејќи бабата, мајката и сестрите се здрави
Иако луѓето често мислат поинаку, генетиката е пресудна во помал број случаи. Конкретно, за ракот, туморот на дојките, во 95% случаи никој од семејството претходно не боледувал од оваа болест. само во мал број на случаи пресудна е генетиката.
Слабост и умор
„Непрестано имав потреба да седнам, а една вечер бев преморена дури и за да стасам до дома,” изјавила една жена опишувајќи го уморот со чија помош открила дека боледува од леукемија. Слабоста и уморот, се симптоми на разни облици на тумор, па важно е да се воочат и други пропратни симптоми. Во секој случај, доколку без никаква причина се почувствуате уморно, а ни долгото спиење не помага уморот да престане, разговарајте со доктор.
Ова може да биде знак на леукемија, ракот на крвните зрнца, кој започнува во коскената срж. Леукемијата предизвикува коскената срж да произведува абнормални количества на бели ќелии, па целото тело не може да се бори со инфекции. Докторите често ја дијагностицираат леукемијата дури откако пациентот се жали на температура, болка и симптоми слични на грип кои траат подолго време.
Необјаснив губиток на тежина
Воочете дали килограмите се намалуваат, и покрај тоа што не сте го промениле начинот на исхрана или вежбањето, мора да се запрашате што се случило. Губењето на килограмите може да биде симптом на ракот на цревата и други тумори со побавен такт. Укажува и на рак кој се проширил на црниот дроб, бидејќи влијае на апетитот и способноста на телото да отстранува нечистотија.
Промена на ноктите
Необјасниви промени на ноктите може да предизвикаат разни облици на тумор. Смеѓата или црна црта или точка под ноктите може да укажува на рак на кожа. појава на искривени нокти (со раст надоле од врвовите на прстите) може да укажува на рак на белите дробови. Бледите и бели нокти може да укажуваат дека црниот дроб не функционира како што треба, и тоа понекогаш укажува на рак на црн дроб.
Хронична „желудна киселина”, и чувство на ситост после помал оброк
Најчест ран знак на рак на желудникот е болката во горниот или средниот дел на абдоменот. Ве боли уште повеќе ако јадете. Збунува фактот што симптомот се губи откако ќе земете средства против болка , што ве води до погрешен заклучок дека се работи за помал проблем. Доколку имате чести напади на желудочна киселина и болка во стомакот, и чувство на ситост по помали оброци, посетете доктор.
Најубиствен е ракот на белите дробови, па ракот на дојките
Ако се гледа најголемата смртност од тумор, во зависност од органите, на прво место е туморот на белите дробови.
Хронични киселини во стомакот
Ако сте изеле голема пица, киселините се можна реакција на желудникот, но ако киселините зачестат или ве прати непрестана мала болка во градите откако ќе се најадете, одете на доктор и барајте тест за рак на хранопроводот.
Проблеми со цревата
Запекот, диареа или некоја друга промена на столицата може да укаже на рак. Доколку потрае подолго од неколку дена, а нема вистинска причина (немате ниту грип, ниту сте имале труење со храна), треба да се загрижите. Заболените од рак на дебело црево често кажуваат дека имале честа столица и дека во потполност не ги празнеле цревата. Една од првичните знакови на ракот на панкреасот е масната столица, која е честа, поголема, бледа и има понезгоден мирис од нормалниот. Тоа е знак дека телото не ја апсорбира храната нормално. Укажете му го ова на вашиот доктор.