Home / аларм / Купувате лекови на интернет? смртоносни лекови за слабеење, плодност.. полни со отров и измет од глувци!

Купувате лекови на интернет? смртоносни лекови за слабеење, плодност.. полни со отров и измет од глувци!

Препаратите за слабеење, за малигни заболувања, против маларија, средства за срце, и за намалување на притисок, дури и лекови против сида, можат да се купат нелегално на интернет. Во една неодамнешна анализа на Дојче веле се вели дека препарати за слабеење содржат отровен арсен, средствата за потенција се направени од вода, а лековите против болки содржат креда .Во дел од примероците е регистриран и измет од глувци.

Analgesic pills

Овие препарати, т.н. лекови, се подготвуваат во катастрофални хигиенски услови во работилници и лаборатории сместени во подруми, гаражи или во дворови во катастрофални услови. Речиси во сите земји ги има, но најмногу се лоцирани во источноазиските држави. Во Африка 700.000 луѓе годишно умираат од употреба на лажни лекови против маларија и туберкулоза, пренесува Вечер.

Активна е и Царинската управа на РМ, бидејќи и тие имаат сознанија дека преку интернет под рака се продаваат сомнителни лекови. Тие во засилена акција во континуитет ги ловат шверцерите на лажни лекови, особено актуелен е шверцот со вијагра, чаеви и материјал за вештачко оплодување.

Токму деновиве на граничниот премин Табановце откриен е метален сад со 500 единици со бикова сперма за вештачко оплодување на крави.
На Деве Баир откриени се 68 таблети вијагра пакувани во 17 кутии од по 100 мг во патничко возило со албански регистарски таблички, управувано од албански државјанин. Во контрола на автопатот Табановце цариниците откриле и 90 пакувања чај од 100 грама и 60 пакувања капки од 30 мл од различни лековити билки како коприва, артичока, валеријан, оригано и ехинацеја, наменети за лечење на разни болести на циркулација, срце, имунитет, потенција, срце, стрес, камен во жолчка, кандида…

Во успешна акција на Интерпол во јуни годинава полицијата во 99 земји запленила речиси 10 милиони парчиња лажни лекови, чија вредност достигнала 31 милион евра. Затворени се околу од 9.000 интернет сајтови кои продавале лажни лекови, а уапсени се 58 луѓе кои биле дел од оваа нелегална продажба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top