Во минатото урмите се нарекувале и „лебот на пустината“, а потоа научниците докажаа дека ова овошје има и голема хранлива вредност. Урмите содржат 80 проценти јаглехидрати, заедно со протеини, минерали, витамини, имаат малку маснотии, немаат холестерол и многу се здрави.
Листовите од урмините палми се тестирани дека се погодни како био-монитори за одредување атмосферско загадување со тешки метали. Имено, во неколку различни студии, содржината на тешки метали на измиени и неизмиени листови од урмино стебло, од различни места, покажувале различен степен на загаденост а тоа се користи за одредување на количеството на тешки метали во атмосферата.
Постојат околу 100 вида урми, а кај нас се почесто на пазарите може, покрај сувите, да се најдат и свежи плодови од ова овошје. Лесно се варат, го намалуваат чувството на глад и се богати со витамини А и Б-6, фолна киселина, калциум, железо, бакар и магнезиум.
Урмите го засилуваат телото, го намалуваат холестеролот во крвта, заштитуваат од паразити и бактерии.
Оксидансите од урмите се совршени за заштита од кардиоваскуларни заболувања и канцер. Најдобро е да се јадат на празен стомак, тогаш најмногу се искористуваат добрите состојки.
Лек за сексуална ослабеност
Сирупот од урми служи и како лек против слабо срце. Како и за терапија на сексуална истоштеност. Кога ќе се помеша со млеко и мед, урмите може да служат како тоник за третирање на сексуална немоќ за двата пола, а таквиот сируп го зајакнува телото и го покачува нивото на енергија.
И постарите ќе се извлечат корист од овој сируп, бидејќи истиот ја подобрува кондицијата и го ослободува телото од токсините акумулирани во клетките низ годините.
Урмите го стимулираат утерусот преку негово регулирање и ги забрзуваат контракциите за породување. Утерусот е релативно голем мускулен орган и итно бара адекватно снабдување со природен шеќер во текот на породилните болки и породувањето. Како лаксативи, урмите се многу важни за бремени жени пред породувањето заради прочистување на дебелото црево и го помага породувањето.
Храна и медицина за децата
Урмите содржат природен шеќер кој лесно се апсорбира и вари, така, тој е безбеден и погоден за стомакот и цревата на децата. Сокот од урми е посебно корисен доколку го мешаме со млеко при што станува уште похранлив и обновувачки пијалок за деца и возрасни. Мешавина на урми и мед се користи во третирање на дијареа и дизентерија кај децата но треба да се зема три пати на ден.
Оваа мешавина исто така ги зацврстува непцата во текот на растење на забите.
Суви урми против несоница
Сувите урми се идеални во исхраната за оние што се занимаваат со интелектуална работа, зашто ги поттикнуваат менталните активности и концентрацијата. Во случај да ве мачи несоница, изедете пет урми и ќе заспиете како бебе. Плодовите се богати со витамин Б5, со магнезиум, калциум и со други минерали. Може да ги комбинирате со мусли и да правите вкусни колачи.
Ефективна терапија за тврда столица (констипација)
Урмите се користат при проблеми со варењето и со цревата и воедно помагаат во поефективно извршување на нивната функција. Тие се користат и при констипација. Тие треба да се потопат во вода преку ноќ и да се консумираат следното утро откако ќе се направи убав сируп.
Идеална храна за оние кои се на диета
Намалувањето на чувството за глад а последователно и намалување на количината на консумираната храна е карактеристика на урмата, исто така е најдоброто оружје за исфрлање на токсините од телото, тогаш јадејќи урми (toxin – restive) е најефикасен трeтман против слабост и истоштеност како резултат на акумулираноста на токсични хемикалии и тешки метали во клетките на телото.
Широката разноликост на хранливи елементи во урмите ги прават да заситуваат! Кога знаеме дека причината за дебелината е постојаното чувство на глад и апетит за храна што го тера човекот да конзумира поголеми количини на масти и шеќер.
Лек против воспаленија
Урмите се лек за црниот дроб и го ослободуваат од токсини, Исто така пиејќи сок од урми се користи во лекување на суво грло, различни типови на треска, ринорхија (нос што тече) и настинка.
Лек против затруеност
Урмите се одличен лек за алкохолна предозираност. Во такви случаеви, пиењето вода во која свежи урми се истружени или потопени и носат брзо олеснување.
Урмите низ бројкиИмајќи висока медицинска и хранлива вредност урмите се најдобра храна за иднината. Урмите содржат 88% јагленохидрати (скроб), (2,5-5%) масти, (2,3-5,6%) протеини и (6,4-11,5%) витамини и диететски влакна. Внатрешниот дек содржи (0,2-5%) масло, додека семето содржи 7,7-9,7% масло.Урмите содржат витамин А, Б1 и Б2, а содржат и флуорин кој се бори против расипувањето на забите. Други минерали се јавуваат во различни количини како бор, калциум, кобалт, бакар, железо, магнезиум, манган, фосфати, фосфор, натриум и цинк. Семето содржи алуминиум, кадмиум, хлориди, олово и сулфур во различни пропорции. Селенот, елемент за кој се верува дека користи во превенцијата од канцер и е битен во имунолошките функции, исто така се наоѓа во урмите.
Младите листови на палмата се јадат како зеленчук.Иако, нивното отстранување ја суши палмата;• Во југоисточна Шпанија, урмите полнети со пржени бадеми се служат завиткани во сланина;• Во многу земји, од старите листови на палмата се изработува облека.