Home / нови лекови / Ученик направил градник кој открива рак на дојка

Ученик направил градник кој открива рак на дојка

Ученик во средно училиште во Мексико дизајнирал градник кој помогнува во раната детекција на рак на гради. Земајќи ја својата мајка како инспирација (и двете гради ги загубила поради болеста) Хулиан Риос Канту нашол подобро средство за рано откривање на оваа болест.

Ракот на гради, ако се открие рано, има процент на преживување од скоро 100 проценти. И’ покрај тоа, многу жени се уште забораваат дека прегледот еднаш месечно може да доведе до рана детекција.

Кантуовото решение вклучува додавање на технологија на нешто што повеќето жени и’ инаку го носат, градник. Овој градник користи скоро 200 биосензори за да ја мапираат површината на градите и да ги надгледуават промените во температурата, големината и тежината.

Мапирањето на промените во големината и тежината е цел на повеќето самостојни прегледи. Сензорот за температура служи да анализира делови каде што има многу крвни садови, барајќи зголемен проток на крв во одредени делови.

-Овој проток на крв би можел да го храни туморот, вели Канту.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top