Home / природен лек / Кефир – Долго чуваната тајна за здравје – еве како сами да направите дома (Видео)

Кефир – Долго чуваната тајна за здравје – еве како сами да направите дома (Видео)

Важно е да се напомене дека индустриски произведениот кефир не се добива со помош на „ печурката на кефирот “, туку од хмељ и култури на бактерии кои на напитокот му даваат ист вкус, но не и квалитет. најдобро е да го подготвите во домашни услови.

220px-Kéfir-mr.lex-grains_eauKефирот е ферментирана млечна напивка со киселкаво-освежувачки вкус со лесна нота на свеж квасец, кој се добива со помош на култура од кефир или кефирни зрнца. Се смета дека потекнува од Kавказ и дека е стар и до 1.000 години. Жителите на Kавказ се познати по својата долговечност и добро здравје, живеат речиси без болести, што се припишува на нивното секојдневно и неограничено консумирање кефир. Kултурата на кефирот ја нарекуваат и кефирна габа, но кефирните зрнца не се габи.

Kефирните зрнца, кои по изгледот потсетуваат на варен карфиол, по составот се мешавина од белковини, аминокиселини, липиди и топливи полисахариди и содржат симбиоза меѓу големиот број добри, млечно-кисели бактерии, оцетни бактерии и видови квасец. Зрнцата кефир се хранат и се размножуваат во млекото и немаат рок на траење, можат да живеат вечно. Многу обиди на микробиолозите кефирните зрнца да ги произведат во лабораторија упорно завршуваат со неуспех. Прашањето од кај дошле и како настанале остануваат без научен одговор.

Повеќе за тоа што лечи кефирот на следниот – ЛИНК

Kефирните зрнца може да се добијат од некој што веќе ги има и веќе сам прави кефир дома.

Подготовка

images

Начинот на подготовка е многу едноставен. Потребно е само млеко и печурки, односно зрнца од кефир. Традиционално, за подготовка на кефир не се користат метални садови и лажици, бидејки може да го уништат лековитото дејство на напитокот.

За пола литар на кефир е потребно две лажици од зрнца и било какво млеко ( кравјо, овчо, козјо ).Млекото може да биде варено или не, но не смее да биде врело. Се препорачува млекото да не содржи помалку од 2,8% маснотии – колку е содржината на маснотии во млекото поголема, кефирот е подобар.

Постапка

Млекото се става во стаклен или пластичен сад и се ставаат зрнцата. Се поклопува ( на пример со тањир ), и се остава на собна температура 24 часа. Температурата во просторијата не смее да биде повисока од 30 степени. Во рок од 24 часа течноста ќе се згусне. Може повремено да се промеша поради проверка на густината.После тоа, треба да се процеди кефирот ( се препорачува да се користи пластична цедалка ), да се прелие во шише и да се чува во фрижидер.

kefir 6Печурката на кефирот треба да се измие со ладна или млака вода и ден – два ( до следната употреба ) да се остави во фрижидер, во ладна вода или млеко. Зрнцата од кефир многу брзо ќе се намножат, што ќе овозможи добивање на поголема количина на напиток. Количината на млеко за подготвување на кефир се зголемува сразмерно на количината на зрнца.

Напитокот за цел на одржување на здравјето и виталноста може да го пиете секојдневно.

Се препорачува да се започне со 1 дцл и постепено да се зголемува количината. За тераписки цели пијте еден литар кефир дневно.

Подготовка на ВОДЕН КЕФИР 

Зрнцата од млечниот кефир, ако добро се измијат со вода за да се отстранат трагите од млекото може  да се припремаат со вода, како т.н. јапонски кристали.

Ripe_Water_kefir_(also_known_as_Tibicos),_after_2_daysСо овој начин на припрема,  кефирот останува пробиотик со сите негови својства, само што добиваме поинаков вкус на пијалокот кој всушност е газиран сок.

потребно ви е:

  • една стаклена тегла од 750мл
  • дрвена лажица за мешање
  • газа или филтер за кафе за да се покрие теглата
  • пластична цедалка
  • 3-4 лажички габички кефир, добро измиени со вода
  •  3 лажици шекер
  • 1/2 л вода
  • десетина зрна суво грозје
  • половина лимон
  • суво овошје за вкус по желба

Ставете ја водата во теглата (водата да биде на собна температура, ако е од чешма да биде провриена а најдобро е минерална вода да се користи), додадете ги зрната кефир, шекерот и суво грозје  (обично седам зрна на 2L вода, можете да ставите и смокви, сливи, брусница, кајсии…) за ферментација, пола лимон (може и поморанџа, грејпфрут и сл.) за вкус

-покријте ја теглата со газичка и стегнете ја. Колку   повеќе време ја оставите да отстои  повеќе ферментира од 24 до 72 часа. 48 часа е доволно за да го добие потребниот  вкус. По 48 часа прецедете ја течноста преку пластична цедилка во друг сад или тегла. На габичките повтрно им се додава шекер и вода и го повторувате процесот. Важно е да не користите метални предмети при подготовката.

Каде да ја набавите печурката на кефирот

За жал печурката не можете да ја набавите во трговија. Може да ја набавите од некој кој веќе ја има. Таа брзо се размножува, па не е проблем да се подели со други.

ВИСТИНСKАТА ДОЗА

Во терапевтски цели за подобрување на здравјето може да земате и еден литар кефир дневно. За почеток добро е да почнете со помала доза, на пример, 1 дл дневно, потоа постепено да го зголемувате количеството. Kефирот радикално го менува составот на цревната флора – корисни бактерии, кои ги уништуваат патогените и го заземаат нивното место, а тоа кај некои лица може да предизвика минливи дигестивни проблеми. Лицата осетливи на млечни производи најчесто добро поднесуваат кефир бидејќи во процесот на ферментација тешко сварливите компоненти од млекото се разградуваат и се преработуваат. Бактериите од кефирот го разградуваат млечниот шеќер лактоза, па затоа може да го користат оние што не поднесуваат лактоза. Минералите од млекото, на пример, калциумот, при процесот на ферментација станува полесно достапен и организмот полесно може да го искористи.

Оние што внимаваат на внесувањето на јаглеродните хидрати може уште повеќе да ја намалат содржината на шеќер во кефирот на начин што по цедењето ќе го остават уште еден или два дена на собна температура да созрее. Овој зрел кефир содржи најмалку шеќер, а содржината на витамините Б1, Б6 и Б9 (фолна киселина) се зголемува. Исто така, се зголемува и содржината на алкохол во кефирот, кој може да изнесува од 0,8 до 2 отсто. Вообичаеното количество алкохол во еднодневен кефир изнесува 0,08 до 0,1 отсто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top