Home / природен лек / Дознајте зошто најздравите луѓе на светот пијат сок од кисели краставички секој ден

Дознајте зошто најздравите луѓе на светот пијат сок од кисели краставички секој ден

Овие пет силни причини ќе направат и вам да ви стане навика пиењето на овој сок.

kiseli_krastavichkiОвие пет силни причини ќе направат и вам да ви стане навика пиењето на овој сок.

Ако сте љубител на кисели краставички, имаме одлични вести за вас – сокот кој останува во теглата откако ќе ги изедете краставичките, исто така е многу здрав!

Киселите краставички содржат многу вода и минерали, најмногу калиум, магнезиум и манган, па поради тоа се одлични за хидратација и детоксикација. Исто така, вкусните краставички имаат моќ да го регулираат крвниот притисок и да го подобрат варењето на храната. Одлични се и за исфрлување на сите штетни материи од организмот, а се вистинска ризница на витамин А, влакна и силициум, кој е важен за здравјето на кожата.

Сето тоа може да го направи и сокот во кој се наоѓаат киселите краставички, плус уште пет одлични работи!

Спречува дехидрација и ја гаси најсилната жед

Ако сте многу жедни, наместо вода, напијте се малку сок од кисели краставички. За брзо да ја изгаснете жедта, мора во организмот да внесете калиум и натриум, а бидејќи овој сок ги содржи и двата минерали, моментално ќе ве освежи.

Ги опушта мускулите

Ако се чувствувате исцрпено по тренингот, пијте го овој сок. Ќе ги ублажи болките во мускулите и ќе им помогне што побрзо да закрепнат.

Евтина замена за спортски пијалоци

Пијалоците кои ги пијат спортистите не се воопшто евтини, но сокот од кисели краставички е, а содржи сè што ви е потребно, пишува MyHealthyFoodTips.com.

Инјекција на витамини и антиоксиданси

Верувале или не, сокот од кисели краставички содржи голема количина на витамините Ц и Е. Исто така, полн е со антиоксиданси, а оваа комбинација ќе ви го зајакне имунитетот и ќе ја поправи општата состојба на организмот.

Помага за слабеење

Исто како и јаболковиот оцет, и сокот од кисели краставички може да ви помогне да ослабете! Пијте барем по една лажица дневно и за брзо време ќе видите подобрување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top