Златниот корен (Rhodiola Rosea) има долга историја во промоцијата на доброто здравје и долговечноста. Во Сибир луѓето знаат да кажат: “Оној што пие родиола, ќе живее повеќе од 100 години”. Грчкиот доктор Диоскоридес, кој ги напишал основите за билката, првпат ја употребил како лек за главоболка, а потоа ја применувал и против замор, инфекции и импотенција. Викинзите ја користеле за зголемување на физичкиот капацитет и на издржливоста, а кинеските императори праќале експедиции во Сибир да донесат златен корен за да подготват лек ефикасен против грип, туберкулоза и рак.
Го намалува стресот
Секојдневјето на модерниот живот неминовно води кон хроничен стрес или замор. Тие две состојби се тесно поврзани со депресијата и други медицински состојби за кои во основата во 80 отсто е одговорен стресот. Според American academy od family и Russian department of family care, речиси 2/3 од сите посети во амбуланта докторите ги препишуваат на стрес- индуцирани болести.
Екстрактот од златен корен с` уште е слабо ~ познат на општата популација со своите исцелителни својства.
болести за кои златниот корен е корисен
*Когнитивни нарушувања;
* Паркинсонова болест;
* Нарушувања на меморијата и на вниманието.
– Особено е корисен за нервниот систем. Ги зголемува вниманието и меморијата и ја подобрува менталната стабилност и примарно квалитативно ги зголемува индикаторите за извршување на секојдневните обврски.
*Заштита од аритмии;
*Висок холестерол и дијабетес;
*Кај трауматски мозочни повреди;
*Стерилитет;
*Менопауза,
*Сексуална дисфункција;
*Фибромијалгија,
*Синдром на хроничен замор;
*Посттрауматски стрес;
– При и по хемотерапија;
– Ендокринолошки нарушувања (предменструални нарушувања);
*Против мигренозна главоболка;
*Подобрување на имунитетот;
*Против стареење;
*Оштетувања на црниот дроб;
*Подобрување на слухот;
*Подобрување на физичките перформанси.
– Кај постари од 18 години се препорачува една желатинска капсула на ден, наутро пред оброк. Максималната дневна доза е 3 капсули во текот на денот – по една наутро, напладне и навечер. Не се препорачува пред спиење бидејќи може да влијае на квалитетот на сонот. Кај пациенти што го користеле препаратот има докажан антидепресивен ефект, намалено чувството на замор и страв, подобар имунитет и ментални функции
Што содржи?
Rhodiola Rosea (златен корен) расте во студените предели на висока надморска висина (Арктик, Алпи, Скандинавија). Припаѓа на фамилијата Crassylacea. Во медицински цели се користи коренот кој е богат со флавоноиди (родиолин, родионин, родиозин), монотерпени (розиридол, розаридин), фенилпропаноиди (розавин, розин, розарин), тритерпени, фенолни киселини и фенилетанолни деривати. Кога ќе се пресече коренот, има мирис на роза, па затоа го носи името росеа.