Home / Болести и лечење / И дијагностицирањето болести во странство ќе биде на товар на државата

И дијагностицирањето болести во странство ќе биде на товар на државата

Освен за лекување, планираме проект и за овозможување дијагностицирање на болестите во странство. Па така, ако на некој пациент не може да му се постави дијагноза во рок од 6 месеци, истиот да има право да биде упатен во референтен центар во странство на товар на државата, за да му се одреди дијагнозата, потребната терапија и медицинскиот третман за таа дијагноза, со посебна одлука од првостепена и второстепена комисија.

labaratorijaАко се работи за итен случај, периодот за дијагностицирање во нашата земја ќе биде пократок, но не помалку од 2 месеца. Според постојната законска регулатива во Република Македонија, на осигурениците на кои не можеше да им се дијагностицира болест немаа можност да бидат упатени во странство, вели директорот на Фондот за здравствено осигурување на РМ, д-р Сашо Стефаноски, кој веќе две години раководи со оваа институција.

Во интервјуто за „Дневник“ Стефаноски открива и дека дел од лековите кои граѓаните досега ги рефундираа, најчесто „клексанот“ и „фраксипаринот“, ќе може да се земат на рецепт, само со плаќање партиципација, хронично болните пациенти ќе може со само едно одење во аптека да подигнат тримесечна терапија наместо да мора да одат секој месец, но и други олеснувања.

Во пресрет на сите осигуреници

Тој ја појаснува новината за дијагностицирање на болестите во странство, која е еден од проектите кои може да ги очекуваме во 2017 година, а кој неодамна беше воведен и во соседна Србија.

– Би сакал да напоменам дека во изминативе години преку големите финансиски средства вложени во капитални инвестиции во здравствениот сектор, во набавка на нова медицинска опрема за јавните здравствени здравствени установи како и во континуирана едукација на лекари во странство овозможивме навремено дијагностицирање на повеќе болести кои во минатото не можеа да се дијагностицираат. Сепак, светската медицина има огромна прогресија и овозможува откривање болести кои не биле регистрирани ниту во нашата земја ниту во околните земји, па и пошироко. Преку овој проект сакаме да им овозможиме на нашите осигуреници реален рок за поставување дијагнози во согласност со европските стандарди. Според нашите анализи во Република Македонија на годишно ниво има помалку од десет вакви случаи, а на овој начин ние како Фонд за здравствено осигурување и Влада на Република Македонија сакаме да им излеземе во пресрет буквално на сите наши осигуреници да може да добијат поквалитетна здравствена заштита.

Фондот за здравство новата 2017 година ја почна со најголем буџет досега – за кои здравствени услуги ќе има повеќе пари во здравствената каса која тежи речиси 435 милиони евра?

rak bolnica lekar– Фондот за здравствено осигурување на Македонија 2017 година ја започна со историски најголемиот буџет на институцијата во висина од 26 милијарди и 947 милиони денари. Овој буџет е за 1 милијарда и 370 милиони денари повисок од буџетот што го имавме на располагање на почетокот на 2016 година, а двојно повисок во споредба со 2000 година кога изнесувал 12 милијарди и 500 милиони денари.

Особено зголемување имаме во делот на ставката здравствени услуги, што значи дека значителен дел од средствата од буџетот се наменети за воведување нови методи, нови услуги во здравствените установи, како и за подобрување на квалитетот на сегашните услуги. Тоа секако значи зголемување на буџетите на јавните здравствени установи (ЈЗУ) во Македонија.

ФЗОМ, во согласност со заложбите на Владата на Република Македонија за набавка на нова медицинска опрема, едукација на медицинскиот кадар и подобрување на здравствената инфраструктура планира воведување нови здравствени услуги кои се од исклучително значење за нашите осигуреници. Посебен фокус годинава ќе имаме за нови методи поврзани со кардиоваскуларните заболувања, воведување нови линии на терапии за пациентите, нови хируршки методи во третманот на пациентите, услуги поврзани со рана детекција на различни болести кај новороденчињата, како и нови методи поврзани со дијагностика со позитроно-емисиона томографија во новиот капитален објект во здравството, ПЕТ-центарот – вели Стефаноски.

Секогаш има потреба од поголем буџет

dru-bolnice-hrana-300x293За оптимално да се наменат овие средства за потребите на речиси 1,8 милион осигуреници, колку е важна правилната дијагноза на ФЗОМ каде да се насочи здравствениот денар, а колку таа зависи од умешноста за менаџирање на директорите на ЈЗУ?

– Фондот за здравствено осигурување на Македонија како финансиска институција која е исклучително сложена и задолжена за финансирање на здравствените установи во транспарентни преговори и со добро утврдена методологија, заеднички, со менаџерите на ЈЗУ ги утврди буџетите за 2017 година. Секако, буџетите се темелат на понудата што болниците ја доставија, односно на услугите што ќе може да им ги понудат на граѓаните.

Распределбата на буџетот соодветствува на потребите на јавните и приватните здравствени установи бидејќи ФЗОМ има склучено договор со речиси 3.800 правни субјекти, кои државата ги финансира. Секако, секогаш во здравството има потреба од поголем буџет и повеќе финансиски средства, но со поддршката од Владата на РМ и позитивните проекти што се случуваат во здравството, имаме на располагање и дополнителни средства од Министерството за здравство за вложување во инфраструктурата и другите програми за здравствена заштита на населението.

Важен елемент во алката на спроведувањето на здравствените политики е домаќинско трошење на здравствениот денар од менаџерите на здравствените установи. Водењето на институциите зависи првенствено од нивните менаџерски капацитети.

Ако се осврнеме на буџетите на Фондот за здравство во изминатите години, ќе може да заклучиме дека ФЗОМ и здравството се еден од приоритетите на Владата на РМ. Буџетот за овие две години – 2016 и 2017 – е зголемен за дополнителни 3 милијарди денари, а ако ја земеме 2003 како година за споредба, тоа значи дека здравствената каса е со дуплиран буџет, бидејќи тогаш буџетот на ФЗОМ бил околу 12 милијарди денари.

Дозволете на крај да им посакам на Вашите читатели среќни божиќни празници и да ги уверам дека за сите наши нови проекти јавноста ќе биде навремено информирана.

Наместо рефундација, на рецепт и „клексан“ и „фраксипарин“

lekovi322– Во план ни е да им овозможиме на нашите осигуреници оние лекови кои досега ги рефундираа, а најчесто тоа се „клексанот“ и „фраксипаринот“, да бидат на рецепт и за нив да платат само партиципација наместо како досега да ја плаќаат целата сума, па потоа Фондот да им ги рефундира парите. Нема да ги заборавиме ниту хронично болните пациенти и за нив ќе овозможиме со само едно одење во аптека да може да подигнат тримесечна терапија наместо да мора да одат секој месец, а тука се проектите и за нашите млади осигуреници за ласерска корекција на диоптрија за студенти и модерни очни помагала за студенти и средношколци – додава Стефаноски.

Одобривме 198 барања за лекување во странство, највисоката сума е над 300.000 евра

– За илустрација, во 2016 година одобривме 198 барања за лекување во странство, а највисоката сума за едно лекување која Фондот ја покри изнесуваше над 300 000 евра. Вкупната сума на товар на ФЗОМ за сите одобрени барања минатата година е околу 7,5 милиони евра.

Ние во Фондот за здравствено осигурување на Македонија имаме разбирање за проблемите на граѓаните и затоа секогаш се обидуваме проактивно да работиме. Формиравме тим вработени во ФЗО кои ги следат барањата за донации и ги контактираат осигурените лица за да ги информираат каква е постапката за упатување на лекување во странство и да им укажат на можностите кои им стојат на располагање, со цел да ги остварат своите права – вели Стефаноски.

Приближно 3 милијарди денари за лековите на рецепт

Во буџетот за 2017 година обезбедени се финансиски средства за сите потреби на осигурениците, вклучувајќи и дополнителни средства за лекови на рецепт, кои осигурениците ги подигнуваат од аптеките и тоа приближно 200 милиони денари, со што овој буџет ќе се приближи до бројката од 3 милијарди денари. Обезбедени се финансиски средства и за еден од стратешките приоритети на Фондот, а тоа е постапката за ин витро оплодување, која е комплетно бесплатна и целосно на товар на Фондот и е проект со кој носиме радост во многу семејства. Обезбедивме средства и за навремена исплата на породилното отсуство и останатите боледувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top