Умерената конзумација на црно вино има здравствени предности. Научниците откриле дека црното вино е богато со флавоноиди најдобри за здравјето. Флавоноидите се најпознати по своите антиоксидантни својства кои помагаат на телото да се бори против канцерогени, вирусни и алергиски непријатели.
Ресвератролот е силен антиоксиданс кој се наоѓа го грозјето и може да биде клучна состојка во црното вино. Додека ефектите од ресвератролот во луѓето бараат уште испитувања, тој може да спречи раст на клетките на ракот, вклучувајќи го развојот на клетките на рак на градите.
Исто така може да понуди кардиоваскуларни бенефиции кои ве штитат од атеросклероза, состојба која се карактеризира со присуство на масни наслаги на ѕидовите на артериите.
Докторите препорачуваат секој ден да се пие чаша вино на ручек или вечера, но предупредуваатдека не смее да се претерува кога се пие вино. Дневна умерена доза од црно вино навистина може да направи чуда за телото.