Јајцата се извор на железо, протеини, аминокиселини и антиоксиданти и лесни се приготвуваат за јадење.
Меѓутоа, дали честото консумирање на јајца може да биде штетно за нашиот организам?
Доктор Френки Филипс за везникот „Индепендент“ вели дека не постои официјална граница за бројот на јајцата кои можат да се јадат дневно.
– Идеална порција би била две јајца, бидејќи две јајца содржат 12 грама протеини, како и корисно количество на витамините А, Д и Б, јод и селен. Јадете јајца заедно со некој извор на витамин Ц, како што е сок од портокал, за да го апсорбира железото – вели Филипс.
Едно јајце на ден може да биде добро за здравјето. Јајцата ќе го подобрат имуниот систем, ги зајакнуваат забите, коските и кожата. Се верува дека аминокиселините во јајцата ослободуваат од стрес и анксиозност.
– Од друга страна, како и секоја храна и јајцата содржат калории (2 јајца имаат 130 калории), така што јадење на премногу јајца може да го зголеми бројот на внесените калории и да оневозможи диета – додава докторот.