Германските научници велат дека најдобриот лек за настинка всушност е мошне едноставен и потполно бесплатен.
Кога сме настинати веднаш прибегнуваме на оние општепознати начини на лекување – антибиотици, аспирин, овошје, топла супа и чаеви…
Но германските научници велат дека најдобриот лек за настинка всушност е мошне едноставен и целосно бесплатен. Станува збор за одмор!
Исто е и кога се работи за високата температура. Добриот одмор го поправа имунитетот подобро од се останато, се вели во медицинското списание Натуратз.
Тие објасниле и дека таблетите што ја намалуваат температурата субјективно ја поправаат состојбата, па луѓето мошне брзо стануваат од постелата и не се одмараат колку што е потребно за организмот навистина да се опорави и да ја потисне настинката.
Во магазинот се советува да змеате доста течности, овошје и зеленчук за да го забрзате зајакнувањето на имунитетот и борбата со вирусот, но исто така се истакнува и дека недоволното количество сон и одмор е причина затоа што настинката ви се продолжува и никако не поминува.