Home / природен лек / Без Селен тироидата не може да работи, болат мускулите, опаѓа косата

Без Селен тироидата не може да работи, болат мускулите, опаѓа косата

Селенот му е потребен на организмот за правилно функционирање на тироидната жлезда, а може да помогне во заштита од слободните радикали и рак.

brazilski-orevНедостатокот на селен води до болка во мускулите и зглобовите, нездрава коса и бели точки на ноктите, доаѓа до намалување на синтеза на протеини, дегенеративни промени во миокардот и мускулите во целина На подолг рок, недостатокот од овој минерал може да доведе до болеста позната како Хашимото, состојба во која имуниот систем на телото ја напаѓа тироидата.

Најголем непријател на селенот се шеќерите. Слатките, тортите, колачите се способни делумно или потполно да го задушат дејството на селенот. селенот помалку го има во конзервирана отколку во свежа храна . Токму затоа, консумирајте колку што можете повеќе жива, термички необработена храна.

Моменталната количина на селен, која секојдневно му е потребна на телото, е околу 200 милиграми.

Многу селен има во морските плодови, рибите, особено во сардината, ракчињата и лигњите. Го има во говедските и телешките бубрези, во црниот дроб, срцето. Селенот е застапен во жолчката на јајцата каде што е присутен и витаминот Е

Зрнестите продукти се богати со селен, но само оние нерафинираните. Брашното од цело зрно е богато со селен, но најмногу го има во морската и камената сол. Продукти од растително потекло кои се богати со селен се триците, `ркулци од пченица, пченка, домати, квасец, печурки, лук, црн леб, и пецива направени од интегрално брашно. Пченката претставува едно од најбогатите, а истовремено и најдостапни извори на селен. Истото се однесува и на лукот.

Lady.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top