Home / природен лек / Како да го снабдиме телото со потребната количина на витамин Д

Како да го снабдиме телото со потребната количина на витамин Д

Витаминот Д е клучен за одржување на здрав развој на коските и правилна функција на имуниот, нервниот и мускулниот систем. Недостатокот на овој витамин во организмот, води кон сериозни здравствени проблеми како што се остеопороза, висок крвен притисок,рахитис срцеви заболувања, зголемена тежина, депресија, сува и кршлива коса и бавно заздравување на рани.

VitaminD-SunСонцето е најдобриот извор преку кој можеме да го снабдиме нашето тело со овој витамин. Меѓутоа, треба да бидеме внимателни со сончањето бидејќи претераното изложување на УВ зраци може да има негативни последици на нашето здравје. Затоа е најдобро да се снабдуваме со потребната количина витамин Д преку сите три извори – сонце, храна и додатоци во исхраната.

Но, тоа не значи дека не треба да ја искористиме можноста која нѝ ја нуди летото за да го подобриме нашето здравје. Доколку се сончате со внимание и ги следите насоките од лекарите, ова лето можете од одењето на плажа да извлечете многу повеќе од одмор и забава.

Како безбедно да се снабдите со витамин Д на плажа?

Стаклата на автомобилите ги блокираат УВ зраците, што значи дека времето поминато во автомобил на пат кон плажа со изложеност на сонце не ви помага во снабдувањето со витамин Д.
Кремите за сончање исто така ги блокираат УВ зраците на сонцето кои се потребни за генерирање на витамин Д. Но, од друга страна, доколку се сончате подолго време без заштита преку кремите за сончање, ризикувате да добиете сериозни оштетувања на кожата. Затоа, најдобро е да ја заштитите само кожата на лицето и околу очите и да дозволите неколку минути директна изложеност на сонце. За повеќето луѓе е во ред да останат на сонце без заштита 15 до 20 минути, но ако забележите дека вашата кожа се зацрвенува, веднаш одете под сенка и нанесете крема за сончање.

Дали на сите нѝ е потребно зголемување на нивото на витамин Д?

Кај секого од нас нивото на витамин Д се менува во зависност од нашата исхрана и животни навики. Сè што е претерано не е добро, па така и претераната количина на витамин Д во организмот може да нѝ предизвика проблеми со здравјето. Хипервитаминоза Д е ретка, но сериозна состојба која се појавува кога имаме претерана количина на витамин Д во телото. Се манифестира со дехидрација, повраќање, намален апетит, чувство на слабост во мускулите. Долготрајната хипервитаминоза предизвикува складирање на калциумот во крвните садови, зглобовите и бубрезите.

Ризични фактори

Бременост: Витаминот Д е суштински за добар развој на коските и забите на бебето.

Темна кожа: Колку е потемна бојата на кожата, толку поголема е потребната изложеност на сонце за апсорбирање на витамин Д.

Престој во затворени простории: Доколку речиси цел ден сте во канцеларија или дома, веројатно организмот копнее за сонце.

Дебелина: Витаминот Д потешко се апсорбира кај луѓето со зголемена телесна тежина.

Лекови: Некои лекови, како оние против епилепсија, може да предизвикаат разградување на витаминот Д дури пред организмот да има шанса да го апсорбира.

Возраст: Како старееме, организмот станува сѐ помалку способен за синтетизирање на овој витамин.

За да избегнете претерани падови или покачувања на витаминот Д во организмот, најдобро е да правите редовни проверки на вашето здравје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top