Интензивниот грч во мускулите може да создаде проблеми – Кога добивате грч, доаѓа до создавање на неконтролирани контракции на мускулите. До тој проблем често доаѓа за време на пливањето, за разлика од останатите спортови, бидејќи стапалото е речиси секогаш под напор.
Постојат 3 основни причини поради кои доаѓа до грч во мускулите:
– премногу ниско ниво на електролити
– интензивен напор
– некоја медицинска состојба
Како да ги избегнете грчевите во мускулите?
Грчот во мускулите за време на пливањето е голем предизвик и најважно од сè е штом почувствувате грчење на мускулите, веднаш да престанете да го правите движењето што го правите во моментот. Во овој случај треба да престанете да пливате, што не е возможно.
Пливањето е еден од ретките спортови кои не дозволува да ја прекинете активноста, затоа, направете го следново:
– Одржувајте се на површина на водата, истегнете се и масирајте го мускулот штом почувствувате грч
– Колку можете побрзо излезете од вода
– Ако грчот не ви помине за 5 минути, продолжете да го масирате местото
– Не одете да пливате додека не ви помине грчот