Home / Болести и лечење / Еве како да се спасите од флеки од сончање и алергија од сонце

Еве како да се спасите од флеки од сончање и алергија од сонце

Постепено излегување на сонце во најголема мера ја намалува можноста од настанување на алергиска реакција. Но за време на летниот одмор, тоа е нешто што и не можеме така лесно да го контролираме.

soncanjeДоколку и при најмало изложување на сонце, сепак се појави алергиска реакција во блага форма, доволно е да го зголемите заштитниот фактор, да носите соодветна гардероба и заштита на главата.
Кај оние побурни алергиски реакции, неопходен е совет од дерматолог, а понекогаш и припрема на кожата со антихистаминици, кортикостероидни лекови или фототерапија.

Доколку се развијат благи алергиски реакции, доволни би биле ладни облоги и соодветен заштитен фактор. Но доколку симптомите се влошуваат, тогаш мора да побарате совет од лекар кој ќе ви препише соодветни лекови како антихистаминици или кортикостероидни креми. Доколку оваа терапија не ја контролира алергиската реакција, тогаш целото тело се изложува на УВ ламби – фототерапија, пред изложување на сонце, а целта на оваа терапија е да се создаде толеранција на сончевите зраци.


Посебно внимание треба да обратите кај нежната детска кожа, која е многу почувствителна на сонцето од кожата кај возрасните. Кај нив секогаш треба да се користат креми со висок заштитен фактор, наменети исклучиво само за деца, бидејќи тие содржат помалку хемиски вештачки супстанци кои дополнително би ја иритирале кожата.

Со самото капење дополнително се суши детската кожа, па затоа е многу важно постојано да ја хидрирате со хипоалергиски лосиони. Избегнувајте ги масните креми за нега на кожа, со цел да се избегне создавање на рани на кожата.

Типови на алергиски реакции од сонце
Најчеста алергиска реакција на сонце е таканаречената полиморфна светлосна ерупција, која се јавува кај 10 од 15 лица кои развиваат алергија на сонце. Се карактеризира со црвен осип на местото кое било изложено на сонце. Настанува неколку минути до неколку часа веднаш по првото изложување на сонце, а минува за неколку дена по престанокот на изложување на сончево зрачење. Како одминуваат летните месеци, зачестеноста на оваа реакција станува се помала, бидејќи со постепено сончање настанува делумна десензибилизација на организмот.

Друго често заболување е таканареченото prurigo nodularis, кое се карактеризира со појава на гнојници и лупење на делови од кожата на местата кои биле изложени на сонце, но и на оние места кои не биле изложени на сончевите зраци, а најчесто се јавува кај децата кои првпат се изложени на сочање. Споро реагира на соодветната терапија и бара подетално лекување.


Hydroa vacciniforme, е алергија од сонце кај децата која се карактеризира со појава на меури и црвенила.
Друг вид на алергиска реакција е соларната уртикарија која настанува неколку минути по изложување на сонце, а често за неа луѓето помислуваат дека е опекотина од сонце. Се карактеризира со јадеж, црвенило, чувство на пецкање. Оваа реакција поминува брзо под дејство на антихистаминици.

Фотоалергиска ерупција е појава која настанува како резултат на реакција помеѓу сончевите зраци и средствата кои содржат одредени хемиски супстанци. Затоа внимавајте какви средства за заштита користите за време на летниот одмор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top