Home / природен лек / Лавандата – ем смирува, ем лечи – еве што

Лавандата – ем смирува, ем лечи – еве што

Лаванда е грмушка која потекнува од Медитеранот. Таа е зимзелена и има сребрени лисја. Исцелителната сила доаѓа од боите и може да биде зачувана на неколку начини. Најпопуларниот е преку прибирањето на етерично масло. Се произведува исто и вода од лаванда, која се користи во козметиката. Исто така можете да ја исушите билката во домашни услови.

lavanda456Кои се карактеристиките на лавандата? На прво место треба да се истакне дека таа има антибактериско дејство. Делува одлично против бактерии, габи и вируси. Не смее да се користи во чиста форма, туку само додадена кон крем / маст.

Етеричното масло од лаванда може да ве спаси од страдањето при зигореници, дури и при сончево. Дејствува мултилатерално, ја смирува кожата, ја спречува појавата на плускавци. Антибактериското дејство ги запира микробите и така кожата не се инфицира, а се забрзува зараснувањето.

Лавандата смирува. Таа е позната по тој свој квалитет и дефинитивно има зошто. Успешно може да се справи со нервоза, стрес, несоница, главоболка, палпитации, менструални болки, особено кога проблемите се хронични и не се ублажуваат од лекување со лекови.

Маслото од лаванда смирува и каснувања од инсекти , исто така и ги штити од нив. За среќа, употребата на етеричното масло нема никакви несакани ефекти.

Лавандата е честа состојка во козметичките производи, не само поради пријатната своја миризба. Таа е одлично средство за борба против акни, губење на косата и првут. Помага во реконструкцијата на кожата и регенерацијата на клетките на кожата.

Можете да користите лавандина вода за чистење и тонизирање на кожата на лицето. Исто така е одличен додаток на различни маски, на пример со глина, има антиинфламаторно дејство и го чисти лицето.

Активните фини состојки ги неутрализираат токсините. Спасува од лузни од акни, стрии, изгореници. Ја намалува болката при мигрена, реума, воспаление на ушите.

Неколку капки лавандино масло, со триење на соларниот плексус, или ладни облози на челото или тилот со вода и 5 капки лаванда ќе ги соборат тензиите при ментален замор, помагаат против палпитации, раздразливост, страв, напади на паника.

Според јазикот на цвеќињата лавандата исто така има свое толкување. Растението е симбол на посветеноста, лојалноста и емпатијата. Асоцира со невиност и непорочност. Се смета дека носи среќа, затоа е најпосакувана како подарок. Гласини има дека штити од завист и зли сили. Се подарува и на двојка вљубени како желба за семејна среќа.

Lokalno.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top