Примерите за настанокот на темните подочници и кеси под очите се многубројни, а најчести се:
-Зголемување на темниот пигмент меланин, кој е одговорен за темните кругови околу очите
-Губење на масните ткива под очите што природно исчезнува во текот на годините.
-Ослабена циркулација и застој на крвта во малите вени во подрачје на очните капаци, што е главен проблем за овој проблем.
-Животните навики како претерана консумација на кофеин и никотин.
Хормонска нерамнотежа
За време на менструалниот циклус хормоните интензивно работат, што предизвикува задржување вода во телото, проблеми со спиењето и темни подочници. Токму поради тоа, недела дена пред менструалниот циклус се препорачува да избегнувате солени намирници и јаглехидрати кои ја задржуваат водата.
Користете зелен чај кој делува како диуретик и поттикнува излачување на вишокот течности.
Алергија на храна
Подочниците може да бидат предизвикани и од алергија на храна. Меѓу најчестите виновници се интолеранција на лактоза и глутен, но и алергии на овошје и зеленчук третирани со пестициди. Алергиите на храна е тешко да се откријат, но ако темните подочници не ви поминуваат, наjдобро е да побарате лекарски совет.
Отрови во телото
Како што премногу вода во телото предизвикува подуеност, исто така и премногу алкохол, кафе и цигари го дехидрираат телото и предизвикуваат појава на подочници. Тогаш на телото му треба темелно чистење кое ќе ги исфрли сите токсини кои ги преоптоваруваат бубрезите и црниот дроб.
Проблеми со синуси
Проблеми со синусите создаваат притисок на крвните вени кои се протегаат под очите кон носот, и така се зголемува ризикот за појава на подочници. Се препорачува да се обидете со инхалација, со цел да воспоставите правилна циркулација во носот.
Лекување на подочници на домашен начин
Изрендајте суров компир и распоредете го на подочниците.По десет минути отстранете го компирот внимателно. Потоа исплакнете го лицето со млака вода.
тавете тенки парченца краставица на очите и оставете ги така 10 минути. Исто така можете да пробате со ладни облоги со кесички со зелен чај.
Друг начин е во сад со зовриена вода да ставите грст рузмарин, а потоа наведнете се над него со пешкир на главата. По неколку минути очите треба да изгледаат подобро. На тој начин истовремено се подобрува и кожата на лицето.
Држите ладни облоги од зелен чај, тој ќе го намали отокот. Професионалците исто така советуваат да се употребува маска од свежа краставица или смрзнат грашок и морков.