Холивудската нутириционистка Kimberly Snyder, заслужна за сјајна кожа и сјаната коса на многу светски ѕвезди, го објави тајниот режим на исхрана кој е заслужен за убавината на многумина ширум светот.
Во книгата The Beauty Detox Foods таа објави мали тајни кои резултираат со голем успех, кога се во прашање и здравјето и убавината.
Kimberly во книгата истакнува дека најголема грешка на луѓето е што се фокусираат на броење на калории. Нејзиниот став е дека во исхраната треба да има квалитетна и природна храна.
Еден од бројните совет под мотото „ убавина која доаѓа одвнатре“, е конзумирање на банана на дневна основа ( богата е со калиум кој го регулира нивото на течности) со цел да ги намалите кесичките околу очите, баш како и пиењето на кокосова вода за да го намалите мамурлакот.
Нејзиниот план за исхрана се темели на храна без глутен и елиминација на млечните прозиводи, а сите намирници кои ги препорачува, може лесно да се најдат во супермаркетите.
Токму тие намирници ќе го прочистат организамот и ќе го подесат на оптималсно искористување на внесената храна.
„ Резултатот на ваквиот начин на исхрана е видлив веќе по три дена“, вели Syder.
Најдобро е да започнете со витаминската напивка Glowing Green Smoothie,која е одлична замена за појадокот, а се состои од зелена салата, целер, спанаќ, јаболка, круши, банани и сок од лимон.
„ Денот секогаш започнете го со него, а во текот на утрото испијте околу три литри од овој напиток“, вели Kimberly.
Освен наведените, намирници кои посебно се препорачуваат се ананас, семки од тиква за сјајна коса, авокадо и млад компир. Ако сте сколни кон акни тогаш совршен избор за вас кокосов јогурт, додека лукот е одличен за детоксикација на црниот дроб.
Освен семката од тиква која е богата со цинк, за косата, но и за кожата е одличен е моковот кој е богат со бета-каротин.
„ Мојот програм е стил на живот, а не диета. Неговите принципи треба да бидат практицирани на долгорочен рок“, вели Kimberly.
„ Многу диети се занимаваат со броење на калории, колку грама масти, протеини или јаглехидрати. Жените имаат навика да вагаат и бројат, а наместо тоа им советувам воведување во исхраната на што повеќе житарици, овошје и зеленчук. Некои пијалоци имаат низок број на калории, но се преполни со хемикации кои ги нарушуваат вашата коса и организамот во целост.
Glowing Green Smoothie
Состојки:
Чаша ипол вода
Една главица зелена салата, сецкана
3-4 стебла целер
Пола чаша спанаќ
Јаболко, лупено
Крушка, лупена
Банана
Исцеден сок од пола лимон
Водата и зелената салата и полека микрирајте ги, а потоа зголемувајте ја брзината и додадете ги останатите состојки- јабокото, крушата, целерот, сапаќот , а на крајот баната и лимоновиот сок.