Home / аларм / Ако се сончате од 11 до 16 часот и го видите ова на кожата – ВЕДНАШ НА ЛЕКАР

Ако се сончате од 11 до 16 часот и го видите ова на кожата – ВЕДНАШ НА ЛЕКАР

Расте бројот на заболени во земјава од оваа болест на кожата, при што годишно се регистрираат по 200 случаи на меланом. Дерматовенеролозите предупредуваат дека доколку болеста се открие на почетокот, тогаш во 95″ до 100% од случаите се лекува. Тие препорачуваат самоконтрола и едукација на пациентите за рано откривање на меланомот.

rak koza1

Ризик-фактор за ракот на кожа е возраста над 50 години и над 50 бенки. Лекарите препорачуваат од 11 до 16 часот да не се сончаат граѓаните кога ќе заминат на годишен одмор, да не практикуваат таканаречено викенд-сончање за брзо потемнување и да не користат солариуми. Да се користат креми со 30 и 50 заштитен фактор, а земјоделците и градежните работници да носат капи, светла облека и очила.

Според примариус д-р Агрон Старова од Универзитетската клиника за дерматологија, најважно е пациентот да прави самопреглед и доколку забележи каква било промена на кожата, да се обрати на лекар.

Податоците со кои располага Институтот за јавно здравје покажуваат дека во Македонија во 2012 година од меланом умреле 64 лица, од кои 39 мажи и 25 жени. Од вкупно починатите, 63 се на возраст над 20 години, а едно помало од 20 години. На Универзитетската клиника за дерматологија од 2005 година се применува методот за рано откривање на меланомот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top