Циркулаторните болести се хронични болести кои се јавуваат како водечка причина за смрт кај луѓето и во Македонија (диаграм 1)4. Најголем број на случаи долго време остануваат недијагностицирани и во моментот кога ќе се појават првите манифестации истите се јавуваат во вид на ургентни акутни коронарни состојби (во вид на срцев инфаркт) или мозочен удар (цереброваскуларен инзулт). Ваквите манифестации настапуваат неочекувано брзо и многу голем број на случаи завршуваат со фатален исход пред воопшто да се примени каков било медицински третман. Со навремено откривање на потенцијалните ризик фактори и со нивна благовремена промена, значително може да се спречи појавата на ваквите ургентни кардиоваскуларни манифестации, а со тоа и прераната смрт на населението.
Според достапните податоци кои се прикажани во дијаграм 2 трендот на морталитет од циркулаторни болести за дадениот период 1975-2008 покажува тенденција на пораст.
Анализирано според пол морталитетот од циркулаторни заболувања кај двата пола во период од 1995-2008 се зголемува кај двата пола.
Во Македонија во период од 1995 -2008 морталитетот од циркулаторни заболувања се движи од 464,8 % ооо во 1995 година до 514,7% ооо во 2008 година . Кај женскта популација стапката на смртност од циркулаторрните заболувања исто така се зголемува во 13 годишниот анализиран период 1995-2008 и тоа од 451,5%ооо во 1995 година до 548,9%ооо во 2008 година.
Морталитет од исхемичните заболувања
Исхемична срцева болест (ИХД), или миокардна исхемија, е болест која се карактеризира со исхемија (намалено снабдување со крв) на срцевиот мускул, обично како резултат на коронарна артериска болест (атеросклероза на коронарните артерии). Ризикот се зголемува со возраста, пушење, хиперхолестеролемија (високи нивоа на холестерол), дијабетес, хипертензија (висок крвен притисок), и генетска поврзаност.
Симптомите на исхемична срцева болест се појавуваат како ангина (болка во градите, карактеристични при напор) . Нестабилна ИСБ се претставува како болка во градите или други симптоми на замор, со брзо влошување на ангина. Дијагноза на ИСБ се воспоставува со електрокардиограм, тестови на крвта (срцеви маркери), срцевиот стрес тест или коронарниот ангиограм. Во зависност од симптомите и ризикот, третманот може да биде со лекови, перкутана коронарна интервенција (ангиопластика) или коронарна артериска бајпас хирургија (CABG). Исхемичните болести се најчеста причина за смрт во повеќето западни земји, а главна причина за болнички приеми. Превенција со здрава исхрана, лекови за дијабетес, холестерол и висок крвен притисок и физичка активност можат да ги спречат ИСБ и да се намали ризикот од компликации. Во Македонија во периодот од 1995-2007 година стапката на морталитет од исхемичка болест на срцето се движи 111.1%ооо во 1995 година и 114.3%ооо во 2007 година кај машкиот пол. Кај женскиот пол во 1995 година стапката на морталитет од исхемичната болест се движи до 61.2%ооо. Во наредните години трендот расте со тоа што во 2007 година оваа стапка изнесува 75.0%ооо.
Морталитет од цереброваскуларни заболувања
Цереброваскуларните болести влегуваат во дисфункциите или болестите кои се поврзани со компликации на крвните садови што го снабдуваат мозокот. Хипертензијата е најважната причина, која ги оштетува крвните садови поставата, ендотелот. Хроничната хипертензија предизвикува трајни промени во грдабата на крвните садови како; стеснување, вкочанетост, деформирање, нерамни и повеќе подложни на флуктуации на крвниот притисок.
А падот на крвниот притисок во текот на спиењето, може да доведе до значително намалување на протокот на крв во стеснети крвните садови кои предизвикуваат исхемичен мозочен удар во утринските часови. Спротивно на тоа, ненадеен пораст на крвниот притисок поради возбудувањето во текот на денот може да предизвика кинење на крвните садови што резултира со интракранијална хеморагија. Цереброваскуларна болест примарно влијае на луѓето кои се постари или имаат историја на дијабетес, пушење, или исхемични болести на срцето. Како последица на цереброваскуларна болест може да го вклучува и мозочниот удар, или повремено хеморагичен мозочен удар. Најчестите форми на цереброваскуларна болест се церебрална тромбоза (40% од случаите) и церебралната емболија (30%), следена од церебрална хеморагија (20%). Во Македонија морталитетот од цереброваскуларните болести кај машкиот пол во 1995 изнесува 174,2 %ооо. До 2007 година оваа стапка е зголемена двојно во споредба со 1997 година и изнесува 204,3%ооо . Трендот на морталитет покажува тенденција на пораст и кај женската популација. Морталитет на 100000 жители кај жените во 1995 година се движи до 142,1%ооо во 1995 до 174.2%ооо во 2007 година.
2. Морталитет од малигни неоплазми во Република Македонија, 2001-2007 година
Малигните неоплазми се втората најголема причина за смрт по кардиоваскуларните заболувања во развиените земји. Проценето е дека бројот на смртни случаи од малигни неоплазми во светот во период 2007-2030 ќе се зголеми од 7.9 милиони на 11.5 милиони. Канцерот на белите дробови, желудникот, колоректалниот канцер, канцерот на црниот дроб и дојката се најчестите причина за смрт од рак. Повеќе од 70% од сите смртни случаи од рак се појавуваат во земјите со низок и среден приход.
Во Р. Македонија малигните неоплазми се на второ место во структурата на причините за смрт на населението, веднаш по кардиоваскуларните заболувања. Нивното учество во вкупната смртност во период 2001-2007 година изнесува околу 18% (2001 г. – 18.1%, 2007 г. – 18.0%). Во 2007 година во Република Македонија од малигни неоплазми умреле 3524 лица со стапка на морталитет од 172.4 на 100000 жители. Овој број е зголемен за 15.1 индексни поени во однос на 2001 година кога се регистрирани 3061 умрени лица со стапка од 150.3 на 100000 жители. Стапката на морталитет на малигни неоплазми во 2007 година во Словенија e 202.5, во Романија 178.3, во Австрија 158.8, во Грција 158.1 и во Финска 138.3 на 100000 жители. (дијаграм 5)
3. Болнички морбидитет во Република Македонија
Во структура на болнички морбидитет од пет најчести причини за морбидитет после респираторните заболувања кои се рангираат на прво место циркулаторните заболувања учествуваат со 12% во вкупниот број на заболувања. (дијаграм 6)
Во Македонија според податоците, од пет најчести причини за морбидитет, на второ место се болестите на циркулаторен систем кои учествуваат со 1839%ооо во 2009 година.(дијаграм 7).
Препораки
Препораки се насочуваат во две нивоа;
Индивидуално ниво
Одстрануваање или намалување на ризик факторите кои ги предизвикуваат овие заболувања;
Отстранување или намалување на факторите на ризик
- Хипертензија или крвен притисок – степенот до кој хипертензија може да се спречи зависи од функциите во организмот, вклучувајќи го крвниот притисок, натриум / калиум рамнотежата, откривање и изоставувањето на еколошки токсини, промени во органите (ретина, бубрезите, срцето, меѓу другите), управување со ризик фактори за кардиоваскуларните болести и дијагностицирање на прехипертензија или ризик за хипертензија. Продолжена проценка во која се повторува мерењето на крвниот притисок се прави така што се земаат две најточни вредности на крвниот притисок во текот на денот.
- Обезитетот или Дебелината – за кого треба сеопфатен преглед кој опфаќа причини, лекување и превенција како сериозен ризик за здравјето.
- Метаболен синдром или дијабетот – исто така треба сеопфатен преглед кој опфаќа симптоми, третманот и случаи во врска со инсулинска резистенција.
- Животниот стил и седентарен начин на живот – пушењето, алкохолизмот, внесување перкумерно ниво на маснотии во организмот, внес на брза и нездрава храна, седентарен начин на живот и итн. за кои треба да се преземат сосодветни мерки за промена на животниот стил, пр:
Консумирање на здравата исхрана: Намалување на мастите и сол, јадење овошја и зеленчук, земање јаткасти овошја кои можат да помогнат за намалување на холестеролот и подобрување на здравјето на срцето, земање Омега-3 масните киселини во рибите кои се добри за срцето, избегнување внес на транс мастите кои се реален проблем за здравјето на срцето од таканаречен “лош” (ЛДЛ) холестерол кој го намалува “добриот” (ХДЛ) холестерол. Со прекинување на употреба на тутунот и алкохолот е потврдено научно дека се намалува крвниот притисок. Точните механизми не се целосно објаснети, но крвниот притисок (систолен особено) секогаш транзиторно се зголемува од алкохолот. Воздржувајќи се од цигарите се намалува ризикот од мозочен удар и срцев удар, кои се поврзани со хипертензија, а ограничување алкохол на помалку од 2 стандардни пијачки на ден може да го намали систолниот крвен притисок помеѓу 2-4mmHg.
Зголемување на физичка активност (вежбање, јога, пешачење) Редовното вежбање го подобрува протокот на крвта и помага во намалување на паузите на отчукувањата на срцето и крвниот притисок.
- Срцевата болест кај жените: да се разберат симптомите и ризик факторите Сите жени во климактериумот се соочуваат со заканата од болести на срцето.
- Стрес: Ефектите од стрес во организмот, чувствата и однесувањето знаците на стресот – менаџирање * Намалување на стресот, на пример со релаксацијка терапија, како што се медитација и други mindbody техники на релаксација. Со намалување на стрес, како што се високи нивоа на бучава и над-просветлување, исто така, може да го намали крвниот притисок.
- Генетска предизпозиција да се почнува превенција со скрининзи во поранешна фаза на животот и да се применуваат препораките за здравиот животен стил
Ниво на заедница
Промоција на здав животен стил, превенција и рано откривање на дегенеративните процеси и заболувања преку ;
- Промовирање на упатства за превенција.
- Зголемување на свеста на предупредувачките знаци и симптоми кај вулнерабилни групации
- Подобрување на одговорот и на квалитетот на здравствената заштита.
- Унапредување на политики и програми кои се наменети за превенција, како што се забрана на пушењето, промоција на здраво работно место, wellness програми, како и осигурување на превентивни здравствени услуги за вработените.
- Олеснување на соработката меѓу јавниот и приватниот сектор
- Дефинирање на товарот на болестите и оценка на постојните стратегии базирани на примарна и секундарна превенција на болестите во рамките на државата.
- Спроведување и имплементација на јавните здравствени стратегии за зголемување на јавната свест за итноста на срцеви заболувања и мозочен удар, знаци и симптоми на срцеви заболувања и мозочен удар, како и потребата за јавување на службите за итна помош.
- Спроведување и оценка на политики за животната средина, работни места, и на заедниците.
- Обезбедување на обука и техничка помош за јавното здравство и здравствени професионалци и партнери за поддршка на превенција на болести.
- Спонзорство на јавни кампањи за подигање на свеста за знаци и симптоми на заболувањата и важноста за итна интервенција откако ќе се појават симптомите.
- Поддршка на државата врз развојот на политики за обезбедување на универзална покриеност
- Зајакнување на различни политики, кои поттикнуваат на здрави животни стилови
Institut za javno zdravje