Home / Болести и лечење / Потењето може да е симптом за инфаркт

Потењето може да е симптом за инфаркт

Постојаното потење и чувството на “лепење”, особено во областа на дланките, пазувите и нозете, може да е симптом на хиперхидроза. Toa и не e толку сериозно нарушување бидејќи постојат методи за негово лекување. Но, претераното потење може да биде и знак за посериозни заболувања – затоа не игнорирајте ги симптомите. Потењето е стандарден физиолошки процес за терморегулација во човечкиот организам. Но, во одредени ситуации количеството на потта може да биде многу повеќе од нормалното, што алармира за консултација со лекар.

znojenje-muskaracХиперхидрозата може да биде генерализирана на целото тело или локализирана на дланките, стапалата, челото, грбот, пазувите или препоните. Во лето симптомите се засилуваат поради потребата на телото да се лади за да ја задржи нормaлната телесна температура.
Во некои случаи како решение се користи алуминиум хлорид, локално. Во други потребна е блага козметичка операција, при која се прекинуваат нервните влакна во зоната на обилното потење. Еден од несаканите ефекти на вториот метод за лекување е појавата на потење во друга зона на телото.

Обилно потење придружено со болка во градите која не поминува при мирување во текот на повеќе од 20 минути може да биде симптом за срцев удар. Можно е да се создадат и други симптоми како гадење, нагон за повраќање и вртоглавица. Во овие ситуации веднаш треба да се побара лекарска помош поради ризик од срцев удар.

Научните истражувања направени низ годините, покажуваат дека луѓето повеќе се загрижени од прекумерното потење отколку од присуството на други кожни болести.

Сигнал за разни заболувања

znojenje potenjeНоќно потење, брзо слабеење, постојана кашлица, чувство на истоштеност и зголемената телесна температура може да бидат сигнал за разни болести на белите дробови, автоимуни заболувања, па дури и карцином. Во овие услови и широкиот спектар на потенцијални заболувања треба да се побара навремена консултација со лекар за да се утврди дијагноза и да се почне терапијата.

Потење од висока температура

При инфективни болести, кои се одвиваат со активна треска над 37,5 степени телесна температура, често се лекуваме со консумирање н многу топли течности, парацетамол и ибупрофен. Ваквите лекови предизвикуваат потење, а со тој процес се намалува телесната температура. Во вакви ситуации пиjте големо количество вода и консумирајте калорична храна која ќе ви даде сила да се изборите против инфективниот патоген.

Знак и за менопауза

Потењето и појавата на “топлотни бранови” на телото, чести промени во расположението како и забележителна сувост на интимните делови кај жената може да е почетен симптом на настапувачката менопауза. Во некои ситуации кога има и покачен крвен притисок, може да се применат и лекови во консултација со лекар, кои ќе дејствуваат за намалување на потењето.

Потењето може интензивно да се појавува по раѓање или по неуспешна бременост при неочекуван пад на нивото на женскиот полов хормон естроген. Во овој случај, препорачливи се консултации со лекар.

Нарушување на тироидната жлезда

При хроничен стрес и нервна напнатост исто така често се јавува потење. Тоа е карактеристично за почетните форми на анксиозност и депресија. Во овој случај консултацијата со психолог или психијатар е повеќе од препорачливо, а специјалистот ќе одреди соодветна терапија за совладување на симптомите.

Зголемената активност на тироидната жлезда, состојба позната како хипертироидизам, исто се проследува со клиничка слика, вклучувајќи ги симптомите на потење. Други важни клинички знаци се брзото слабеење, зголемениот апетит, несоница, тахикардија – зголемена срцева фреквенција, мускулна слабост и покачување на телесната температура. Зголеменото ниво на хормоните на тироидната жлезда често провоцираат некои непријатни симптоми, кои се резултат од забрзани хемиски, физички и ментални реакции во телото. Консултација со специјалист по ендокринологија е задолжителна, кој ќе го преземе лекувањето.

Алкохолизам и дијабетес

Потењето може да биде и манифестација на хроничниот алкохолизам. Често зависните алкохоличари имаат зголемено потење и телесна топлина во отсуство на алкохолна доза во рамките од два-три дена. Во овие услови се смета дека потењето е дел од клиничката слика на третманот на одвикнување. Исто така потењето може да е причина од прекумерното внесување на алкохол и во таа состојба е препорачливо обилно внесување на безалкохолни течности, како вода, чај, сок од свежо овошје, консумирање јаболка и моркови, за максимално брзо совладување на негативните симптоми.

Дијабетесот е исто така болест која се одвива со активно потење и нетолеранција кон топлина. Карактеристично е зголеменото потење во горната половина на телото. Ова се условува од лошата регулација на телесната температура, која може да доведе до ненадејна хипертермија или топлотен удар.

Лекување на хиперхидрозата

Постојат неколку начини за справување со хиперхидрозата, преку кои може успешно да се контролира состојбата и да се подобри квалитетот на животот:

– Кремови и спрејови – потењето може да биде контролирано со антиперспиранти кои содржат алуминиум хлорид. Овие најчесто се користат за потење под пазувите или стапалата.

– Лекови (препорачани од специјалист) – Се употребуваат за намалување на активноста на потните жлезди, но од нив можни се и несакани ефекти кои вклучуваат мачнини, лошење, проблеми со уринирањето, зашеметеност.

– Ботокс – Инјекции со ботокс е третман кој се употребува и е дозволен. Со него се намалува излачувањето на пот од пазувите со инјектирање на ботокс кој ги блокира нервите што ги стимулираат жлездите. Само специјалист може да препорача ваков тип лекување, со оценка дали ќе биде ефикасно за индивидуата.

– Јонофореза – овој тип лекување вклучува употреба на електрицитет за да ги забави или “стопира” потните жлезди. Процедурата е ефективна најчесто на рацете и нозете. Пациентот ги става критичните делови во сад со вода низ која се пушта струја чија јачина се зголемува с` додека не се почувствува печење на кожата. Терапијата трае од 10 до 20 минути во неколку сесии.

– Ендоскопска торакална симпатектомија – Оваа терапија се користи кога ништо не покажува резултати, односно за тешки случаи на хиперхидроза.

Dnevnik

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top