Home / нови лекови / Британка е една од првите што примија вакцина против рак

Британка е една од првите што примија вакцина против рак

Триесетипетгодишната Кели Потер од Бекенем во Кент прими вакцина што го стимулира имунолошкиот систем и го поттикнува уништувањето на клетките на ракот, пренесува Индепендент.

zdravje cancer-treatmentРакот на грлото на матката кај младата жена е дијагностициран во јули 2015, а неодамна прифати да учествува во двегодишното истражување на болницата Gajs во Лондон, во кое се вклучени уште 29 лица.

Пациентот истовремено со вакцината ќе прима лек што, во мали дози, ги отпушта сопирачките на имунолошкиот систем. Како резултат на тоа, имунолошкиот систем слободно ќе ги напаѓа клетките на ракот.

Вакцината содржи мал дел од ензимот наречен реверзна транскриптаза на теломераза (hTERT), кој им овозможува на клетките на ракот постојано да се размножуваат со делба. Научниците се надеваат дека вметнувањето на овој антиген во крвотокот ќе го стимулира имунолошкиот систем за производство на антитела кои ги напаѓаат клетките на ракот, но не и нормалните, здрави клетки.

– Знаеме дека имунолошкиот систем кај пациенти во напредна фаза на болеста е потиснат, така што повеќе не е во состојба да ги препознае и да ги елиминира клетките на ракот. Истражувањето го спроведовме со намера да се обидеме да го решиме токму тој проблем – вели професорот Хардев Панда, главен истражувач во експериментите што ги спроведува Универзитетот во Сари во Гајлдорф.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top