Во интервјуто за Esquare, Коч открил дека тајната е во квасецот.
“Пред да почнам со пиење голтам сув квасец па поради тоа не се опивам”, изјавил Коч и додал дека трикот е во тоа што јаде по една лажица квасец пред секој пијалак.
“Вкусно е доколку го помешате со јогурт”, додал тој и напоменал дека квасецот може да се купи во секоја продавница.
Коч објаснил дека активниот сув квасец содржи ензими кои го разградуваат алкохолот.
Тие ензими ги претвораат молекулите на алкохол во јаглерод, водород и кислород, што е процес кој се случува кога црниот дроб го раствора алкохолот.
Според тоа, јадењето квасец пред консумацијата на алкохол значи дека тој ќе се разгради пред да дојде до мозокот.
Меѓутоа, Коч предупредува дека квасецот нема целосно да го елиминира пијанството, туку само ќе го намали.
Мора да се консумира или може да се јаде или лапне?