Home / Болести и лечење / 4-ри хормони кои ви влијаат секој месец

4-ри хормони кои ви влијаат секој месец

Човечкиот организам е сложен систем, а женскиот – повеќе од машкиот. Секоја дама е конфронтирана со непредвидливи промени во расположението, со појава на ѕверски глад и со ирационален плач.

Всушност тие се нешто сосема нормално.Репродуктивните хормони можат да влијаат на вашата менструација, периодот пред неа, желба за секс, вашата менталната состојба, циклусот на спиење и дури и апетитот.

zena glava hormoniОд оваа причина е убаво да се запознаете со основните хормони кои ги предизвикуваат сите овие промени во вашата личност. Еве и кои се тие:

Естроген

Естрадиолот кој е најсилниот од сите видови естрогени, ја подготвува матката за зачнување.Неговите стабилни нивоа можат да ја зголемат сексуалната желба и имунитетот.

Лоши Влијанија: Естрогенот испраќа сигнали за раст до секоја клетка на вашето тело – од градите до коските. Премногу големо количество од него сепак може да доведе до тежок предменструален синдром, дури и рак на дојка. Премалку естроген пак е закана од остеопороза.

Што да направите: Ако сте премногу слаби, ова може да го спречи производството на овој хормон, додека дополнителните масни клетки исто така можат да доведат до хормонални проблеми. Клучот на успехот: одржувајте здрава тежина.

Прогестерон

Тој ја подготвува слузницата на матката за прифаќање на ембрионот секој месец.

Лоши Влијанија: Прогестеронот може да доведе до желба за повеќе сон, како и да го зајакне задржувањето на вода, формирање на гасови и појавата на запек.

Што да направите: Обидете се да медитирате (да останете во полно мирување) најмалку пет минути на ден.

Тестостерон

“Машкиот” хормон ја одржува редовната овулација и највисоко либидо.

Лоши Влијанија: Премногу високите нивоа на тестостерон често се поврзуваат со појавата на акни, првут или темна влакнатост на необични места. Малото количество од овој хормон пак може значително да го намали вашето либидо.

Што да направите: Проблемите со тестостерон се поврзуваат со прекумерната тежина, па се стремиме да  задржиме добра форма. Ако нивото на тестостерон кај вас се недооценето, консумирајте храна богата со цинк.

Пролактин

Нејзини главни цели се да придонесе за ослободување на јајце-клетката и за стимулирање на производството на млекото кај новите мајки.

Лоши Влијанија: Ретките многу високи нивоа на пролактин можат да влијаат негативно врз желбата за секс и да предизвикаат симптоми слични на оние пред менопаузата. Малку зголемените нивоа пак може да ја спречат овулацијата. По раѓањето нормалните нивоа на пролактин придонесуваат за побрзо слабеење.

Што да направите: Обидете се да спиете доволно часови секое деноноќие – меѓу седум и осум часа

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top