Home / аларм / 15 сигурни начини за труење со храна – еве од што да се пазите!

15 сигурни начини за труење со храна – еве од што да се пазите!

Ако не сакате да се отруете и себе и тие околу вас, еве на што треба да внимавате особено ако температурите се високи.

trovanje-hranomМажите најчесто печурките ги сецкаат во тавчето пред да ги испрат или смрзнато пиле пред да се одмрзне го ставаат директно во рерна. Но и жените не се исклучок па и тие се подеднакво деструктивни кога станува збор за кулинарството.

1. Кога одите во продавница задолжително одвојте го свежото месо од останатите продукти за да избегнете месото да почне да ви „тече“ на сите страни па лебот да биде намачкан со свежа крв.

2. Никогаш не ги оставајте работите кои сте ги купиле во гепекот на автомобилот подолго отколку што ви треба да дојдете дома и да сместите се во фрижидер. Свежите продукти како што се овошјето и зеленчукот ќе се „спурат“, а месото ќе почне непријатно да мириса и да шири бактерии.

3. Никогаш не користете ист прибор за готвење. Ако сте го сецкале месото со еден нож додека е сирово, кога ќе биде печено земете друг нож, никако немојте да го сечете со истиот затоа што бактериите се уништуваат на висока температура, а на ножот со кој се сецкало свежо месо доколку не е измиен, бактериите се уште живеат.

otrovna-hrana

4. Различни видови месо бараат различен вид на подготовка. Најлесно е да се стави пиле за печење, но кога станува збор за покомплицирано месо, внимавајте на подготовката како и на сецкањето на жилите и маснотиите.

5. Правењето на скара не е некоја филозофија, но бара почитување на одрердени правила. Прво пред да помислите да го ставите месото на решетките, јагленот треба да биде ужарен, а решетките врели за да бидете сигурни дека температурата е доволно силна. Додека работите над скарата треба да внимавате месото да не остане живо, односно од надвор да изгледа дека е печено, а одвнатре се уште да е живо или недопечено.

6. Ако често го оставате фрижидерот отворен а при тоа започнувате да работите сосема трета работа, внимавајте на храната која може да се расипе. Само неколку минути се доволни топлиот воздух да влезе во фрижидерот и да циркулира околу продуктите. Месото не сака промена на температурата, затоа внимавајте.

sb10069429a-002.jpg Food Salad

7. Дури и да брзате, рацете мора да ги миете најмалки 20 секунди за да бидат чисти. Ако само ги зашлакате со вода, на нив остануваат бактерии кои ќе се пренесат на храната на која работите.

8. Редовно менувајте го сунѓерот за садови. Огромен број на бактерии се наоѓаат токму на малото сунгерче кое сте заборавиле кога сте го смениле. Бројот на бактерии кои се наоѓаат на сунѓерот им се закануваат на чиниите, лажиците, вилушките и тие се еднакви на бројот на бактерии кои се наоѓаат во ве-це школката.

9. Иако е лето и полесно е садовите да се мијат со ладна вода, сепак, факт е дека маснотиите и бактериите полесно излегуваат ако ги миете со топла вода.

10. Задолжително гледајте го рокот на траење на произвоидите кои ги купувате. Никогаш не јадете нешто на кое рокот му поминал бидејќи не знаете како може да реагира вашиот стомак.

hrana-vo-plasticni-sadovi

11 Готвената храна која останала од ручекот задолжително ставете ја во фрижитер затоа што на топлото време, храната надвор може да издржи едвај два часа. Потоа се расипува.

12. Дури и замрзнатата храна има рок на траење и не значи дека може да ја јадете после 3 години. Месото може да стои во фрижидер најмногу до 4 дена, а во замрзнувач од два до шест месеци. После овој период, слободно фрлете го.

13. Најдобар начин да го одмрзнете месото е да го оставите во најлонот во кој бил во фрижидер. Никогаш месото не го оставајте отворено затоа што на него ќе почнат да се лепат бактерии и бубачиња.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top