Home / природен лек / 10 лековити својства на грозјето: Го поттикнува слабеењето и подобрува помнењето

10 лековити својства на грозјето: Го поттикнува слабеењето и подобрува помнењето

Ако сакате да уживате со сочните и вкусни зрна грозје, сигурно ќе ве израдува информацијата дека токму тие имаат неверојатни лековити својства.

Еве како грозјето влијае на вашето здравје:

10-lekoviti-svojstva-na-grozjeto-go-pottiknuva-slabeenjeto-i-podobruva-pomnenjeto-011. Го поттикнува слабеењето

Многу истражувања до сега покажале дека ресвератролот кој се наоѓа во грозјето позитивно влијае на топењето на килограми на 2 начини – драстично ја намалува можноста клетките да ги складираат вишокот масти и значајно го поттикнува разградувањето на масни наслаги.

2. Го штити вашето срце

Ресвератролот има способност да ја зголеми флексибилноста на крвните садови, со што се олеснува циркулацијата. Така, грозјето го намалува крвниот притисок, а подобрата циркулација на крвта ќе ви овозможи полесен транспорт на кислородот до сите делови на телото. Некои научни истражувања докажале и дека 10mg ресвератрол дневно може драстично да го намали ризикот од срцев удар.

3. Го чува здравјето на мозокот

Студиите спроведени во Швајцарија покажале дека ресвератролот има позитивно влијание на мозокот така што има способност да ги неутрализира слободните радикали со што се намалува ризикот од Алцхајмерова болест.

4. Го подобрува помнењето

Ресвератролот ја зголемува циркулацијата на крв во мозокот и до 200 %. Научниците веруваат дека токму оваа хемикалија може да ги подобри менталните способности.

5. Ја штити кожата од рак

Бројните истражувања го покажале позитивното влијание на ресвератролот во борбата против ракот. Исто така, оваа состојка со која е богато само грозјето, ја штити кожата од негативните сончеви зраци.

6. Го чува телото од радијација

Оваа моќна состојка има и заштитна улога при терапиите со зрачење.

7. Го активира генот на долговечност

Едно истражување покажало дека состојките на грозјето може да го активираат генот за долг и здрав живот.

8. Помага кај дијабетес

Моќната состојка ресвератрол може да го намали нивото на шеќер во крвта и до 10 %, со што е одлична превенција од дијабетес.

9. Ги намалува воспаленијата

Состојките кои се наоѓаат во овие зрна, имаат неверојатно антивоспалително својство, па заради тоа е еден од најдобрите пријатели на вашето срце.

10. Помага при заздравувањето на мускулите

Ресвератролот им помага на клетките да се ослободат од сите токсини, со што ги елиминира болките, напнатоста и згрченоста во мускулите.

Crnobelo.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top