Замислете дека некој ви раскажал дека од лекарите добил рецепт против рак на дебелото црево, и дека на него е напишан – екстракт на graviola. Се разбира дека не би му верувале, бидејќи тоа од конвенционалната медицина не може да се доживее. Но би требало, бидејќи студијата која беше спроведена дури 1996 година докажува дека една од состојките на graviola (Annona muricata) е поефикасна од фармацевтските лекови за дури 10.000 пати!
Студијата беше спроведена на семе од graviola каде со фракционирање се добиени 5 соединенија од кои еден (cis-annonacin), имаше селективна цитотоксична активност на карциномните клетки на дебелото црево и тоа дури 10.000 пати посилна од фармацевтскиот лек adriamycin.
Adriamycin е трговско име на doksorubucin и е познат по прекарот “црвениот ѓавол”, поради силната црвена боја и страшните несакани ефекти кои вклучуваат и опасни по живот па дури и фатални при оштетувања на кардиоваскуларниот систем. Неговиот недостаток на “селективна цитотоксичност” – способноста да се уништат само клетките на ракот, а не и здравите – е она што го прави adriamycinот толку опасен. Сепак, тој е првиот избор за третман на различни видови канцер речиси веќе половина век.
Објавената студија покажува 10.000 пати поголема ефикасност на екстракт на семето на graviola од вообичаениот фармацевтски лек за рак.
Од овие запрепастувачки резултати од 1996 г. малку истражувања се направени за ефектот на graviola врз ракот. Постои студија од 1999 година која ја покажала ефективноста на листовите на graviola против ракот на простатата и панкреасот, како и друга од 2002 година која покажува анти-туморска активност кај ракот на црниот дроб, но ниту една од овие студии не беше ветувачка како онаа од 1996-та.
Потоа 2011 г. објавената студија го открила ветувачкото истражување за влијанието на graviola на ракот на дојката. Истражувачите откриле дека екстрактот од плодот на graviola го потиснува изразот на онкогените (гени кои предизвикуваат рак) кај клеточните и животинските модели на ракот на дојката. Онкоген познат како рецептор на епидермален фактор на растот (EGFR) обично е премногу изразен кај ракот на дојка, а прекумерната експресија е поврзана со лоша прогноза и отпорноста на лековите, што го прави идеална цел за развојот на терапии.
Во оваа студија, глувците кои примиле 200 mg на екстракт на graviola по килограм храна во својата исхрана во текот на пет недели имале значително намалување на протеинската експресија кај рак на дојка. Генерално, овој овошен екстракт е во состојба да го намали растот на туморот за 32%, што значи дека може да има заштитен ефект против EFRG кај ракот на дојка.
Во голема мера недостасуваат студии спроведени на животинските или човечките модели за да се потврди оваа студија и ќе живееме во надеж дека тие ќе се спроведат.
До тогаш, веруваме во моќта на природата која е докажана. На пример, ова растение кое расте во Јужна и Централна Америка е познато по своите лековити својства веќе повеќе од три илјади години. Традиционално, плодот, лисјата, кората и коренот се користеле како седативи во народната медицина па и јужно американските индијански исцелители ја користеле за лекување на црниот дроб, астмата, срцевите проблеми, артритис и за елиминирање паразити.
Денес се користи и во Гвајана, каде што листовите се користат како седатив и како тоник за срцето. Бразилците пијат чај од graviola за да се ослободат од проблемите со црниот дроб и нанесуваат масло од семките за да се ослободат од артритисот и реумата. На Јамајка и во Западна Индија се јаде овошјето за да се намали треска и за лекување на дијареа.
Бидејќи некои од изворите наведуваат и некои можни несакани ефекти, ние сме обврзани да ги наведеме иако не се докажани со тестови врз луѓето и се само врз основа на претпоставки. Нус појавите се всушност обични нешта како и кај одредени лекови, имено, животински студии покажале дека оваа билка има способноста да го намали притисок, така што при истовремена конзумација на graviola и земање апчиња за намалување на притисок треба да се консултираат со лекар. Исто така, истакнато е дека поголеми количини може да предизвикаат гадење. Можно е коензим Q10 да ги неутрализира ефектите од graviola.
Наводната невротоксичност на graviola произлегува од претпоставката на француски научници кои ги проучувале појавата на голем број на случаи на болест атипични Паркинсонова болест (невронот дисфункција и дегенерација која доведува до симптоми кои наликуваат на Паркинсонова болест) во сиромашното население на Гвадалупе. Бидејќи тие користат graviolа и за храна и како лек се претпоставува дека тоа може да се должи на конзумација на оваа билка, но овој феномен е релативно ограничен а употребата на graviola е многу распространета. Ботаничар Лесли Тејлор вели дека семињата и корените содржат алкалоиди, кои на тестовите покажаа невротоксични ефекти, па затоа е препорачливо да ги користите лисјата.
Постојат повеќе од две илјади сорти на овие растенија во светот, од кои многу од нив можат да обезбедат дополнителни извори на корисни лекови за човештвото. Се надеваме дека понатамошните истражувања ќе овозможат ова растение да го добие своето заслужено место во модерната наука.