Free songs
Home / бабини рецепти / Стари бабини рецепти за болки во увото

Стари бабини рецепти за болки во увото

Растението “Чуваркуќа” може многу да помогне. Се цеди сокот и се капнуваат неколку капки во увото и се чека само неколку минути, а резултати секогаш има. Некогаш, овој исцедок може и да се затопли, бидејќи и топлината влијае за намалување на болката.

uvo bolkaМаслиновото масло во комбинација со мелен лук се смета за лек против воспаленија на уво. Се препорачува да се загрее и да се чува повеќе од пет минути во ушната школка, а потоа префрлете ја главата на другата страна за течноста да излезе. Сиров лук не користeте како лек, бидејќи може дополнително да ги иритира воспаленото место и кожата. Mоже да се искористат облоги од лук. На чиста газа исечкајте лук, завиткајте го и поставете го на болното уво. Ова можеби ќе треба дејствува подолго, но сепак е решение.

Циметот и маслиновото масло ја намалуваат болката во траење од пет минути, процедурата е иста како и лекот со маслиново масло и лук. С` зависи од тоа кои продукти ги имате дома, таков лек може да подготвите.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top