Home / бабини рецепти / Природно лечење на секретот, односно “белото прање”

Природно лечење на секретот, односно “белото прање”

“Бело прање” кај жените се појавува поради повеќе фактори. Овој секрет го предизвикуваат разни воспаленија на матката, габични заболувања, стрес, а може да биде и последица од користење на некои лекови.


Секретот, односно “бело прање” е нормална појава кај жените но во помали колични, количини кои се зголемуваат во периодот на плодни денови.

Сепак, ако се појави зголемување на количината на секретот треба да се делува. Прво, треба да се знае дека во таква ситуација не смеат да се користат хемиски средства за интимна хигиена. Според научните истражувања користењето на каков било вид на сапун неповолно влијаје на одржувањето на киселоста на матката.

За лечење на проблеми настанати од “бело прање”  се препорачува користење топла вода и чај од камилица. Треба да се носи и памучна долна облека која нема да ве стега.

Природно лечење на белото прање со помош на маслиново масло и невен
Во природно маслиново масло ставете невен, смесата нека постои неколку дена на топло и сончево место. Маслото кое го користите треба да биде без конзерванси, а наместо невен може да се користи кантарион. Со подготвеното масло ја лечите својата матка на начин што пред спиење во матката нанесувате дел од готовата смеса. Легнете и оставете смесата да постои што повеќе.

Лечење на бело прање со помош свинска маст
Прво измијте ја маста десет пати. Значи, во садот со свинска маст ставете доволоно вода за да може смесата да ја мешате одредено време. Потоа отстранете ја водата, па ставете нова, чиста вода, тоа повторете го десет пати. После овој процес можете да ја користите маста. Намачкајте слој од маста на памучна крпа и ставете ја како влошка. Оваа терапија користете ја навечер околу десет пати помеѓу менструални циклуси. Оваа терапија со сигурност ќе ви излечи повеќе од воспаленијата и инефциите кои  ги имате во интимната зона.

Лечење на секретот со помош на чај
Чајот од дива бела детелина е многу добар во лечење на секретот. Чајот се добива од цветовите на дивата бела детелина кои се сушат под сенка, а се пијат по две чаши дневно.
Чајот од plantain herb (броквица) е добар за сите женски заболувања. Се препорачува да се конзумира од време на време

One comment

  1. zdravo bi sakal da ve prasam za lek ako znae nekoj za bakterija na zolckata

Leave a Reply to slave Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top