Home / бабини рецепти / Природни лекови за Брадавици

Природни лекови за Брадавици

Масло од дабровина: 
Употребата на масло од дабровина е еден од најважните домашни лекови против брадавици. Ова масло треба да се аплицира генерално околу заболените места секоја ноќ. Овој третман треба да продолжи неколку месеци.
bradaviceСмокви: 
Млечниот сок од овие смокви е уште еден ефикасен лек. Овој сок треба да се добие од свежите, штотуку созреани смокви и да се аплицира врз брадавиците неколку пати на ден. Овој третман треба да се продолжи две недели.
Компир: 
Свежиот компир е полезен за третман на брадавици. Тие треба да се исечат и притријат врз заболените места неколку пати во денот, барем две недели. Со овој лек се постигнуваат одлични резултати.
Кромид:
Кромидот е исто така полезен за брадавици. Кромидот ја иритираа кожата и ја стимулира циркулацијата на крвта. Брадавиците понекогаш исчезнуваат откако ќе се протријат со исечен кромид.
Индиски синчец:
Растението Индиски синчец е полезно за отстранување на брадавиците. Се прави прав од ова растение и се аплицира локално врз заболените места.
bradavicaГлуварче: 
Растението глуварче е уште еден полезен лек за брадавици. Млекото кое се добива од исеченото ирастение треба да се аплицира врз заболените места два до три пати на ден.
Невен: 
Невенот е уште едно полезно растение за третман на брадавици. Сокот од листовите од ова растение може да се аплицира врз брадавиците. Сокот од стеблото исто така е полезно за отстранување на брадавици.
Масло од индиски орев:
Маслото добиено од индиски орев, од неговата лушпа е полезно за брадавиците бидејќи е силен иритант на кожата. Тоа треба да се аплицира надворешно врз заболените места за третирање на оваа состојба.
Останати лекови:
Определени надоврешни апликации врз заболените места се докажаа како полезни за третманот на брадавиците. Во ова се вклучени сокот од папаја и ананас, пудрата од креда промешана со вода.

One comment

  1. најефикасен лек за брадавици е лимонот максимум 3 ипол недели се лекува местото кај што е брадавицата исчезнува и никогаш нема да се појави пак јас имав таков проблем се наоѓаше на раката и ме нервираше дрпеше на ракавите имав осет како ме боде некого пробував секакви начини бев го сечел и пак растеше и ете таткоми се распрашал по некои пријатели за оваа раб и му рекле така и така јас воопшто и не верував кога ми кажа што како да направам ај да не зборам понатака еве како… земете 2 лимони на 1 лимон исечете ја кората според брадавицата колку зафаќа може и малку подолго и пошироко колку да се покрие брадавицата на кората оставете малку од внатрешноста на лимонот 2 4 см и сите парчиња ставете ги во чаша а останатото од внатрешноста истискајте ја во чашата исто така и другиот лимон истискајте го сокот целта е сокот од лимонот да се впие во кората оставете да отстои 1 ноќ потоа секој ден ставајте по една кора на местото да стои најмалку 3 часа после 4 6 дена можда и недела дена ке видите црнило на брадавицата тоа значи дека умира почнува да станува меко и да се рони слободно може да го отстраните црното и пак ставајте од кората се додека не израмни а и не е важно дали ке се израмни тоа веке ке го снема ке помине некое време кожата ке се регенерира и ке стане мазно али имајте на ум брадавица веке нема да имате таму е сега за овие погоре незнам колку помагаат али ова за лимонот е 100% ке га снема брадавицата позз

Leave a Reply to лимон-лек Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top